Како да направите совршена кајгана 1

Како да направите совршена кајгана?

Во никој случај не би можеле да кажеме дека подготовката на кајгана е „научна фантастика“, но, за да уживате во вкусна и неодолива, баш совршена кајгана треба да примените неколку едноставни и мали правила. Па, еве неколку трикови како од обичен оброк да направите вистинско уживање!

Јајцата ги користиме многу често во секојдневната исхрана, а тоа не е случајно. Ем се вкусни, ем се лесни и брзи за подготовка, па на некој начин се претвораат во идеален избор за појадок или брза вечера. Ако сакате да го почнете или завршите денот со вкусна кајгана, подготвена како да сте вистински професионалец во кујна, следете ги овие неколку чекори.

Може да ве интересира: Јајца – чувари на видот, кожата и косата.

Што е важно за кајганата да е совршено вкусна и сочна?

Има неколку трикови за подготовка и тоа многу едноставни, како и што спомнавме претходно:

  • Најпрво скршете ги јајцата, а за да им дадете воздушеста структура, се препорачува на 2 јајца да додадете 1 лажица вода. Ако пак повеќе обожавате кремаста структура, водата заменете ја со павлака.
  • Со помош на виљушка смесата благо изматете. Доволно е да се спојат белките и жолчките и да добие изедначена боја.
  • За да биде вкусна и сочна, кајганата се припрема на температура со средна јачина.
  • Тавата припремете ја така што ќе ја намрсите со путер, кокосово масло или друго масло по желба, зависно од тоа како го обожавате вкусот.
  • Кога маснотијата ќе се загрее, додајте ги јајцата, па малку посолете. Не мешајте додека не забележите дека краевите се пржени и јајцата станале цврсти.
  • Кога краевите се запржени, полека и внимателно почнете да мешате, така што ќе ги туркате јајцата кон внатрешноста, за повторно да дојде течната содржина кон краевите или празните полиња, или пак можете внимателно да ги „поткревате“ пржените делови, за под нив и околу нив да се разлева остатокот од изматените јајца.
  • Готовата кајгана префрлете ја во чинија и уживајте во неодоливиот вкус!

Ако сакате да погледнете како изгледа овој опис, погледнете го краткото видео упатство.

Ви препорачуваме да прочитате: 4 корисни употреби на лушпи од јајца.

Сподели: