палента

Како да направите совршена палента

Палентата има историја која датира од 1700 година кога ја стекнала својата популарност во Италија, каде што ја сметале за храна на селаните, бидејќи ја имало во изобилство и по ниска цена. Малата содржина на масти, прости шеќери и натриум, ја прават палентата добра основа за здрав оброк кој го обезбедува организамот со енергија.

Палентата која е позната и како пченкарен гриз, претставува оброк кој е многу лесен за приготвување и погоден за појадок, ручек или вечера, може да се сервира топла или ладна, мека или тврда, а одлично се комбинира со сирење, зеленчук, зачини како црн пипер, ким, босилек и слично.

Тајната за подготовка на совршена мека палента, погледнете ја на видеото и следете ги инструкциите:

Состојки:

  • 4 чаши вода или пилешки бујон
  • 1 чаша палента
  • 1 мала лажичка сол
  • 2 лажици путер
  • ½ чаша рендан пармезан (во замена може да користите бело сирење или кашкавал).

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган на висока температура ставете 4 чаши вода да се варат. Во тенџерето додајте ја солта и измешајте.
  2. Штом водата ќе зоврие, во тенџерето постепено додавајте ја палентата и постојано мешајте со помош на жица за матење. Потоа намалете ја температурата и мешајте додека палентата се згусти.
  3. Тенџерето покријте го со капак и оставете палентата да се вари 30 минути на ниска температура. На секои 5 до 7 минути кратко промешајте ја палентата со помош на дрвена лажица.
  4. На крај, исклучете го шпоретот, додајте го путерот и измешајте. Штом путерот ќе се растопи додајте го сирењето и измешајте. Потоа, поклопете го тенџерето и оставете ја палентата 5 минути. Измешајте, сервирајте ја палентата и послужете ја со месо, сос, сирење или парче путер.

Сподели: