совршено рижото

Како да направите совршено рижото?

Повеќето од нас, барем еднаш имаат пробано да направат рижото. Околу ова популарно италијанско јадење се водат многу полемики. Италијанците тврдат дека по традиционалниот рецепт, рижотото не се меша, други ставаат количина на ориз и вода 1:30 и бавно го варат…

Совети од Џејми Оливер за подготовка на совршено рижото

А штом сме во потрага по добри рецепти и кулинарски совети, секогаш ја разгледуваме страницата на еден од светските готвачи, добро познатиот Џејми Оливер. Еве што советува тој за подготовка на класично рижото.

рижото
  1. Прво ставете бујон во тенџере на оган да се загрева. Во плитка, широка тава ставете маслиново масло и парче путер.
  2. Ситно изрендајте главица лук и целер, па пропржете ги во маслиновото масло додека омекнат.
  3. Во зеленчукот додајте го оризот. За подготовка на рижото најдобро е да изберете ориз со кратко зрно, како сортата арборио. Полека динстајте го оризот додека добие стакласта боја.
  4. Потоа, ставете малку бело вино и почекајте целосно да испари. Штом виното испари, додајте го бујонот. Ставајте црпалка по црпалка, додека оризот се приготви ал денте, а притоа често мешајте го.
  5. Проверете го вкусот и додајте сол и црн пипер по вкус, но бидете внимателни затоа што бујонот може да биде доволно зачинет.
  6. На крај, кога оризот е варен додајте коцка путер и рендан пармезан. Оставете ги да се растопат, па полека измешајте. Оваа постапка е важна за да добиете кремасто рижото. На крај, ставете магдонос, коријандер или некој друг свеж зачин по желба.

Ова е основен рецепт, а во рижотото може да додадете месо, морски плодови, зеленчук, но не отстапувајте од овој начин на готвење.

Рижотото треба да биде малку течно и да се служи во длабока чинија.

Ви предлагаме да прочитате: Најдобриот рецепт за рижото со зеленчук.

Сподели: