Како да направите совршено смуди?

Витаминското совршено смуди е одличен оброк за да се започне утрото или пак како ужина после напорниот ден. Како и секое јадење, така и правењето на смуди си има тајни кои треба да се знаат за да се добие најдобар резултат.

Правилен однос на состојките

Штом започнете да правите смуди, измерете две чаши течност која ќе ја користите како основа. Тоа може да биде млеко или млеко од соја, бадемово млеко, овошен или стандарден јогурт, сок од овошје, а доколку правите тропско смуди, изберете кокосово млеко или кокосова вода. Важно е да ја ставите течноста во блендерот пред да го додадете овошјето, затоа што така ќе ги заштитите ножевите од оштетување.

Следен чекор е да наполните ¾ од чаша со овошје по ваша желба. Бананите се одлична основа за секое смути и му ја даваат посакувана кремаста текстура. Другите овошја кои што може да ги користите се јагодесто овошје, манго, праски, сливи, рендано јаболко или круша, и диња. Може да додадете повеќе овошје или течност во зависност од типот на овошјето кое ќе го изберете. Состојките блендирајте ги додека ја добиете посакуваната текстура. По желба смудито засладете го со мед, јаворов или сируп од агава. На крај додајте неколку коцки мраз во блендерот, така што ќе добиете освежително смуди кое е идеално во летниот период.

смуди

Замрзнете го овошјето

Ако сакате да направите смути, друга одлична идеја е претходно да го замрзните овошјето. Освен ќе ги задржат хранливите материи и вкус, ќе го изладат смудито така што нема потреба да додавате мраз. Пред да потемнат бананите во вашата чинија со овошје, излупете ги и исечкајте ги, потоа замрзнете ги врз хартија за печење. Замрзнатите банани чувајте ги во херметички ќеси за замрзнување и користете ги по потреба. Дури и овошјето кое вообичаено не се замрзнува добро, како јагоди и диња, може да го замрзнете пред да правите смуди.

Бидете креативни

Штом ја совладавте основа за правење на смуди, додајте различни вкусви во основниот рецепт. Може да додадете лажица какао, цимет, рендано морско оревче, екстракт од ванила пред блендирањето, или после тоа врз смудито наросете ленено семе, сечкани јаткасти плодови или овесни снегулки. Не само што ќе го подобрат вкусот, туку ќе ве држат сити подолго време.

Зголемете ги хранливите состојки

Ако досега немате пробано смуди направено од овошје и зеленчук, можеби на почеток ќе бидете изненадени од вкусот. Блажината на овошјето се вклопува се комбинира со многу зеленчуци, па така ќе добиете вкусен и супер хранлив пијалак. Пробајте да направите зелено смуди за детоксикација со кокосова вода, рендано јаболко, киви, банана и спанаќ. Други зеленчуци кои добро се вклопуваат се рендано цвекло или морков, ќељ, домати и авокадо.

Ако смудито најчесто го јадете за појадок или вечера, додајте некои протеини. Тоа може да биде путер од кикири или други јаткасти плодови.

Па ако ви се направи желба да си направите смуди ви предлагаме да пробате освежително смуди од јагоди или посно чоколадно смуди.

Сподели: