„ориз“ од карфиол

Како да подготвите безглутенски „ориз“ од карфиол?

Доколку сакате да експериментирате во кујната и да дегустирате нешто ново, поразлично, а здраво, време е да го пробате „оризот“ од карфиол. Овој безглутенски ориз од карфиол е одличен начин да го намалите внесот на калории. А, покрај тоа на овој начин можете да вметнете уште еден оброк од зеленчук во вашето дневно мени.

За подготовка на овој „ориз“ не ви се потребни некои специфични алатки или намирници. Напротив, на лесен и едноставен начин добивате совршена замена на традиционалниот ориз, кој често се избегнува за време на диети. Од друга страна пак карфиолот има бројни бенефити за нашето здравје.

ориз од карфиол

Би можело да ве интересира: Карфиол за витка линија и одлично здравје.

Состојки:

  • 1 карфиол со средна големина
  • 2-3 лажици маслиново масло.

Подготовка: 

  1. Започнете со тоа што ќе ги отстраните страничните ливчиња на карфиолот.
  2. Потоа отстранете го тврдиот коренест дел на карфиолот и исечете го на парчиња. Со тоа би ја олеснале работата на кујнскиот сецко или блендер.
  3. Парчињата ставете ги во кујнски сецко и исечкајте ги на ситни парчиња со големина на ориз. За таа намена сечкајте ги само на неколку секунди затоа што во спроривно би добиле пире од карфиол. Доколку немате кујнски сецко би можеле да искористите и обично ренде. Во овој случај изрендајте го карфиолот на покрупната страна од рендето.
  4. Потоа иситнетиот ориз од карфиол префрлете го во тава за печење и додајте го маслиновото масло.
  5. Тавата ставете ја да се пече во загреана рерна на 200 степени или на 180 доколку вклучите вентилатор, за време од 12 минути. Притоа, еднаш промешајте во текот на печењето.

Начин на чување на „оризот“ од карфиол

Вака подготвениот ориз од карфиол можете да го поделите на помали порции од 100 грама кои содржат само 25 калории. Издвоените порции можете да ги ставите во кеси за замрзнување и да ги складирате во фрижидер. Во фрижидерот чувајте ги и искористите ги во рок од три дена. А за подолготрајна употреба ставете ги во замрзнувач и чувајте ги дури до два месеци. Вака подготвениот ориз можете да го готвите во микробранова, да го пржите или печите и да му додавате зачини по желба. Се конзумира самостојно како главен оброк или како прилог со месо. Можностите се бесконечни, а изборот е ваш!

Ви препорачуваме да прочитате: Похувани ќофтиња од карфиол.

Сподели: