печено пиле

Како да подготвите совршено печено пиле?

Според вообичаената постапка, пилето ќе го посолите, ќе го полиете со малку масло и ќе го ставите во рерна за да се печи. Но дали знаете дека само еден мал чекор ве дели од совршено печено пиле?

печено пиле

Крцкаво од надвор, а меко и сочно месо со совршен спој на вкусови во внатрешноста. Печеното пиле од рерна заслужува малку повеќе внимание и малку повеќе зачини освен обична сол.

Првите чекори за правилна подготовка на совршено печено пиле се:

  • Најпрво, се разбира дека потребно е здраво, пресно, а по можност и домашно одгледано пиле.
  • Добро исчистено се мие под млаз вода, а потоа се бриши со сува крпа или кујнска хартија, и од внатрешната и од надворешната страна.
  • Потоа се премачкува со маслиново масло или путер.
  • По можност, добро би било да стои на собна температура околу 30 минути пред печење.

Додатоци и зачини кои е добро да ги употребите се:

  • За вкусно печено пиле, освен солта и црниот пипер, доста значајни се и лукот, кромидот, мајчината душица и пилешка коцка за супа. Подготвеното и намрсено пиле, посипете го со сол и црн пипер и премачкајте го од внатрешната страна.
  • Познатиот готвач Џејми Оливер советува дека во тавата во која што ќе се печи пилето, добро би било да биде збогатена со морков, целер, лук, кромид и еден лимон.
  • За да постигнете совршенство од вкусови употребете: две кромидчиња со средна големина, два моркови, две целер стапчиња, една главица лук, еден лимон, морска сол, маслиново масло, црн пипер и по малку мајчина душица, рузмарин, ловоров лист или жалфија. Лукот поделете го на чешниња, но оставете ги нелупени. Зеленчукот исечкајте го на крупни парчиња и заедно ставете ги во огноотпорен сад во кој ќе додадете малку маслиново масло, а во него потоа да се печи подготвеното пиле.

Внатрешноста на пилето исто така зачинете ја со горенаведените состојки, а потоа додадете цел лимон. Печете на температура од околу 200 степени,  околу 1 час и 20 минути. Доколку сакате како прилог да додадете компири, тоа направете го 45 минути пред крајот на печењето. По потреба, преливајте го пилето и зеленчукот во тавата, со пилешка супа од коцка или со вода.

Сподели: