авокадо-од-семка-1

Како да пораснете дрво од авокадо од семка

Авокадото спаѓа во најпопуларните овошја, со оглед на тоа што има хранлива вредност слична на одредени јаткасти плодови и семиња. Следен пат штом купите авокадо, не ја фрлајте семката. На многу лесен начин може да пораснете дрво од авокадо кое што има декоративен изглед и одлично би се вклопило во вашиот дом. 

Следете ги чекорите и посадете си авокадо од семе:

Извадете ја и исчистете ја семката

Внимателно отстранете ја семката од авокадото и измијте ја за да се останат деловите од овошјето. При миењето внимавајте да не ја отстраните кафеавата кора на семката.

Проверете кој крај е на горната страна, а кој на долната страна

Карактеристично за авокадото е тоа што семето има две краеви, така што од долниот крај ќе пораснат корењата, а од горниот крај ќе пораснат никулци. Рамниот дел на семката треба да биде долен дел, а испакнатиот дел е горниот крај. За да може семето да изрти, треба долниот крај да биде поставен во вода. Затоа е важно, пред да ги поставите чепкаликите правилно да одредете кој крај ќе биде горе, а кој на долната страна.

Поставете три до четири чепкалки

Земете четири чепкалки и поставете ги рамномерно околу авокадото, како што е прикажано на видеото. Тие ќе му служат како потпора.

Поставете ја долната половина на семката во чаша со вода

Најдобро е да користите прозирна чаша да за може полесно да забележите кога корењата на авокадото ќе почнат да растат и кога ќе биде потребно да ја замените водата во чашата. Водата менувајте ја на секои пет дена.

Чекајте да пораснат никулци

Првите никулци може да се јават по 2 до 4 недели, но вообичаено се јавуваат најдоцна до 8 недели.

Засадете го во почва

Кога растението ќе достигне околу 15 до 18 см, потсечете го на околку 7-8 см. Кога повторно ќе порасне 15 до 18 см, засадете го во почва. Малото дрво чувајте го на сонце.

Сподели: