Како да препознаете каранфилче со добар квалитет.

Како да препознаете каранфилче со добар квалитет?

Знаете ли како можете најдобро да препознаете како изгледа каранфилче со добар квалитет? Едноставно е и бидејќи ние знаеме, во оваа прилика ќе споделиме со вас како да го одредите квалитетот на овој ароматичен и лековит зачин.

Зачинското растение каранфилче (Syzygium aromaticum) потекнува од Индонезија, која го покрива половина од светското производство и каде најмногу се користи во кујната. На нашите простори е доста често застапено за правење на греено вино, а мал број од нас знаат дека заради карактеристичната арома каранфилчето е совршен додаток на многу јадења, колачи и напитоци, како што спомнавме уште на почетокот.

Како да препознаете каранфилче со добар квалитет?

Едноставно откријте дали сте купиле каранфилче со добар квалитет

Каранфилчето е достапно во состојба на цели исушени и нерасцветани пупки со лут ароматичен вкус и богати со етерично масло, а има интензивен, остар и пријатен мирис кој е одлика за добар квалитет. Земете чаша со вода и потоа во неа ставете го каранфилчето. Поради етеричното масло кое е потешко од водата, тоа треба да потоне, а доколку каранфилчињата не потонуваат значи дека резервоарите каде било сместено етеричното масло се празни и полни со воздух. Ако каранфилчето не потоне и испушти благ мирис, значи дека станува збор за т.н фалсификат од екстрахираното етерично масло. Квалитетното каранфилче содржи до 20 % етерично масло, а негова главна компонента е еугенолот, кој претставува 80-90% од маслото.

Каранфилчето содржи и флавоноиди, танини, фенолкарбоксилни киселини и други корисни материи, а повеќе за неговата корист во кујната и позитивното влијание врз здравјето на човекот, може да прочитате ако кликнете тука.

Сподели: