Како да сварите јајца без пукнатини 1

Како да сварите јајца без пукнатини?

Напукнувањето на јајцата при варењето е нешто што иритира, а посебно ги загрижува домаќинките за време на Велигденските празници, бидејќи доведува до нивно т.н распаѓање и лесна можност за кршење. Токму затоа, во овој текст споделуваме искуство за тајната на варење на јајца без пукнатини.

Овие трикови ќе ви помогнат многу за да ги подобрите своите способности да варите јајца без пукнатини и да уживате во своето мало достигнување кое причинува голема радост.

jajca bez puknatini 2

Пред да ги варите јајцата осигурајте се дека не се тукушто извадени од фрижидер. Тоа е така, поради поголемата промена на температурата, па наместо да варите ладни јајца, прво оставете ги да постојат на собна температура.

Кога ги ставате во сад за варење, најдобро е да не ставате премногу јајца, односно да бидат малку „разредени“. Во случај кога се судираат при варењето лесно може да се јават пукнатини. Исто така, внимавајте при редењето, поставувајте ги нежно и полека за да не напукнат од судирот со уидовите на садот.

Јајцата кои сте ги наредиле во садот за варење, најдобро прелијте ги со ладна вода и тоа барем 2 см над површината на јајцата, а водата турвајте ја полека.

Во водата во која ќе ги варите јајцата додајте ½ лажичка киселина и малку посолете ја водата. Киселината е значајна помош против пукнтини на јајцата.

Во почетокот на варењето температурата на огнот нека биде средна, а штом водата почне да врие, уште малку намалете ја температурата. Варете на тивок оган додека се готови.

Сепак, за жал не постои потполна гаранција дека некое  јајце нема да пукне, бидејќи во тоа голема улога има и нивниот тип, како и квалитетот на лушпата. Во секој случај, доколку се држите до следните совети, шансите да сварите јајца без пукнатини се многу поголеми.

Сподели: