месо под вршник

Како да спремите месо „под вршник“ во рерната

Јадењата приготвени под вршник (сач) се етнички специјалитети во Македонија, а и пошироко на Балканот. Нашите баби и дедовци и до ден денес се сеќаваат дека лебот, месото, зелниците биле највкусни кога ќе приготвувале под вршник. За жал, мал број од нас имаат вкусено, а уште помалку имаат можност да приготват традиционални јадења на овој начин.

Кога помислувате на храната која бавно се приготвува, тогаш сигурно на памет ви доаѓа месо кое е припремено под вршник. Сега можете да приготвувате вакви јадења во вашиот дом, без да користите вршник.

месо под вршник

Телешкото, јагнешкото и свинското месо под сач се специјалитети кои ретко кој може да ги направи во својот дом, особено ако живеете во стан. Ако имате вршник и простор каде што може да наложите оган, тогаш задолжително пробајте да направите јадења. Но, за сите кои што живеат во станови тоа е незамислива работа.

Ако живеете во стан или во куќа и немате вршник, може да ја искористите рерната на шпоретот и да приготвите јадења кои ќе имаат сличен вкус, како и тие приготвени под сач. Се што ви е потребно, се земјени, односно керамички садови за печење. Всушност, глинените садови кои имаат и капак, може да се користат за приготвување на јадења на оган исто како и вршникот.

Начин на подготвка на месо „под вршник“ во рерната

Во зависност од големината на садот, прилагодете ја количината на намирниците. Може да ставите јунешко месо, компири, кромид, моркови, зелка и магдонос. По желба во земјената тава може да додадете и чадено месо.

Јунешките шницли прво исчукајте ги со чекан за месо, посолете ги, зачинете ги со мелен црн пипер и кратко пропржете ги на во тава на оган, за време од минута до две, од двете страни. Потоа, месото исечете го на резанки, со ширина од околу 1 см. Зеленчукот измијте го и исечете го на парчиња. Посолете го, зачинете го со мелен црн пипер, буковска пипер и ставете го земјената тава. Во тавата налејте 200 мл бело вино и малку маслиново масло. Ако го обожавате вкусот на рузмаринот може да ставите една свежо гранче или лажица сушен зачин.

Тавата завиткајте ја или покријте ја со алуминиумска фолија, а преку неа ставете и капак, за да не може течноста да испарува за време на печењето. Така приготвеното јадење ставете го во ладна рерна (керамичките и стаклените садови за готвење не ги ставајте директно во загреана рерна за да не пукнат), вклучете ја на 180 степени и оставете го да се пече за време од 2 часа.

Ви предлагаме да прочитате: Печено свинско месо во сос од бело вино.

Сподели: