циркулација

Како да ја подобрите слабата циркулација на крвта?

Дали се чувствувате уморно? Имате ли проблеми да се концентрирате? Дали рацете и стапалата ви се ладни, иако времето е топло? Причината за овие симптоми може да биде лошата циркулација. Природните методи, односно вежбањето и исхраната може да помогнат за да се ублажи овој проблем.

Доколку протокот на крв е нарушен, сите клетки во телото страдаат. Симптомите на лоша циркулација опфаќаат голем број на тегоби, како вкочанетост, трпнење на рацете и нозете, болки во нозете при одење, краток здив, замор и постојано ладни екстремитети. Проблемите со циркулацијата исто така допринесуваат за сериозни здравствени пореметувања како што се висок крвен притисок, шлог и срцев удар.

слаба циркулација

Во многу случаи, едноставните промени на начинот на живот, на пример, умереното физичко вежбање, може да допринесат за подобра циркулација. Вежбањето исто така, може да го зајакне срцето, да помогне да се намали крвниот притисок, а позитивно влијае за намалување на стресот.

Совети за исхрана при лоша циркулација

Исхраната е од клучно значење при проблеми со циркулацијата, па еве неколку совети до кои треба да се придржувате:

  • Започнете така што ќе ги исфрлите или намалите употребата на кофеин, алкохол и газирани пијалаци.
  • Избегнувате намирници кои ја намалуваат циркулацијата, како што се намирниците кои содржат многу шеќер, скроб и масти.
  • Јадете повеќе свежо овошје и зеленчук за да го намалите холестеролот. Наместо заситени животински масти и транс-масти, користете масла кои се богати со омега 3 масни киселини. Добри масти има во маслиновото масло, лененото семе, оревите и другите јаткасти плодови.
  • Пијте многу вода. И најмалата дехидратација може да ја намали циркулацијата. Недостатокот на течности влијае за згустување на крвта и нејзино отежнато движење низ телото. За да го подобрите вкусот, може да си направите ароматизирана вода со малку сок од лимон или портокал, парчиња краставица или едноставно додајте некој друг природен овошен сок.
  • Јадете храна богата со витамини од групата Б. Познато е дека витамините од групата Б помагаат за подобрување на циркулацијата. Добри извори на храна со витамини Б се гравот, леќата, пивскиот квасец и другите мешунасти зеленчуци.
  • Познато е дека капсаицинот, состојка која ја дава лутината на пиперките ја подобрува циркулацијата. Освен тоа и ѓумбирот е храна која треба да ја вклучите во исхраната. Ѓумбирот може да го користите за чај или да го додадете како зачин во јадењата.

Ви предлагаме да прочитате: Каранфилче за одлична циркулација и здрави непца.

Сподели: