Брилијантни начини како да ja искористите водата од маслинки

Брилијантни начини како да ja искористите водата од маслинки

Колку пати ви се случило да ја истурите водата во која стоеле маслинки без да размислите дека можеби ќе може да ја употребите на некој подобар начин? Секогаш постоело непишано правило дека водата од маслинки се смета како отпадок, па затоа и не се употребува. Но, секако дека тоа е заблуда.

Брилијантни начини како да ja искористите водата од маслинки

Иако не е толку популарна како водата од киселите краставички, таа сепак може да биде навистина корисна. Ако сте голем обожавател на маслинки, несомнено е дека сигурно ќе примените некои од овие совети во вашата кујна и нема да дозволите она што може да се искористи да биде фрлено.

Постојат повеќе начини да се употреби водата од маслинки, а еве кои ги издвоивме ние:

  • Можете да ја додадете во садот во кој се готви супа или чорба, при подготовка на тарана, ориз и слично.
  • Доколку јадењето содржи маслинки или некои други состојки кои совршено се комбинираат со нив, слободно додадете малку вода од маслинки.
  • Совршено ќе се вклопи ако ја додадете во маринара сос за тестенини или во компир салата, на која ќе и даде совршена доза на киселост и благ вкус на маслинки.
  • Водата од маслинки може да ја додадете и во пржени јајца. Нема да верувате дека разликата од вкусот на кој сме навикнати е огромна, а пржените јајца ќе бидат многу повкусни.

Сподели: