калории-овошје-1

Како изгледаат 100 калории од овошје?

Сте се запрашале ли колку калории има во овошјето кое го јадете? Сигурно често ви досадува секој залак да го мерите, да ги броите калории и да правите досадни пресметки, за на крајот повторно да имате лоши резултати.

Сега одредувањето на калориите е многу лесно. Погледнете го видеото, во кое на лесен начин е прикажан бројот на калории во овошјето и следете ја следната листа.

Број на калории во овошје

  • Боровинки1 ¼ чаша полна со боровинки има 103 калории. Научниците претпоставуваат дека боровинките може да помогнат во спречување на кардиоваскуларните заболувања, во превенција и лекување на шеќерната болест, го прочистуваат организмот, го зајакнуваат имунитетот и здравјето на очите.
  • Киви 2 киви имаат 93 калории. Овие овошки се богати со витамин Ц, растителни влакна, калиум и магнезиум.
  • Круши1 круша со средна големина има 96 калории. Крушите се добар извор на растителни влакна, кои имаат лековито влијание врз дигестивниот и кардиоваскуларниот систем.
  • Банани1 банана со средна големина има 105 калории. Високото ниво на триптофан кој го содржат бананите, во организмот се претвора во серотонин, познат како хормон на среќата. Серотонинот е одговорен за доброто расположение и помага за полесно справување со стресот.
  • Јаболка1 ¾ чаши полни со јаболка имаат 99 калории. Јаболката помагаат за намалување на апетитот, а експертите велат дека е доволно да консумирате едно јаболко пред еден оброк во денот за да го намалите бројот на калории што ќе ги внесете.
  • Јагоди2 чаши полни со сечкани јагоди имаат 106 калории. Јагодите содржат значителни количини на витамините од Б групата, посебно витаминот Б6, нијацин, пантотенска киселина и фолна киселина.
  • Диња2 чаши полни со парчиња диња имаат 106 калории. Застапеноста на растителни влакна, калиум, витамин Ц и холин во дињата, го прават ова овошје одличен сојузник за здравјето на срцето. Консумацијата на храна која е богата со калиум може да помогне за намалување на високиот крвен притисок.
  • Грозје30 големи зрна грозје имаат 101 калорија. Црвеното грозје содржи ресвератрол кој е значаен полифенолен антиоксиданс. Се претпоставува дека ресвератролот може да има улога во превенцијата на канцер и срцеви заболувања, како и продолжување на животниот век.
  • Лубеница2 ¼ чаша полни со парчиња лубеница имаат 103 калории. Лубениците се природен диуретик и го потпомагаат слабеењето.
  • Портокали1 ¼ чаша со парчиња портокали има 106 калории. Портокалите се богати и со витамините А, Б, Ц и Е и со минералите : магнезиум, калиум и фосфор.

Сподели: