поставување-на-прибор-на-маса-1

Како правилно да го распоредете приборот за јадење на маса

Сигурно и вие, барем еднаш во годината сакате да припремите свечена трпеза за роденден, слава, именден или друг повод и да ги поканите најблиските роднини и пријатели. А за сето тоа да изгледа најубаво, потребно ви е малку знаење за правилниот распоред на свечениот прибор за јадење при поставување на масата.  

Дури и искусните домаќинки понекогаш не се сигурни како треба правилно да се постави приборот за јадење на масата која ја припремаат за свечен ручек или вечера- со сите можни предјадења, главно јадење и десерт.

За најлесно да можете да го запаметите редоследот на припремениот прибор за јадење ви предлагаме да го погледнете краткото видео на кое на лесен начин е претставено каде треба да се постави виљушката, ножот, чинијата за јадење, малата чинија за леб, чашите за вода и вино. Па ајде да започнеме со поставување!

Генерално правило е дека приборот се поставува според редот на користење, од најдалечната точка во однос на чинијата. Па така, виљушката за салата се поставува лево, а ножот кој ќе се користи е последен од десна страна. Веднаш до нив се поставуваат виљушката и ножот за главното јадење. Доколку се сервира супа, лажицата се поставува од десната страна до ножевите. Над просторот каде е предвидено место за главна чинија, хоризонтално се поставуваат мала лажичка за десертот. На крај, поставете ја главната чинија во средината, помеѓу виљушките и ножевите.  Имено, над чинијата за главниот оброк, на левата страна се поставува уште една помала чинија, која служи за леб. Над малата чинија, се става нож за путер. Чашите за бело вино, црвено вино и вода, кои се поставуваат во горниот дел од десната страна на чинијата. Салфетката се става веднаш до виљушките од левата страна или може да се стави во чинија.

Совет плус: Просторот меѓу гостите на масата треба да изнесува најмалку 30 см, за да се овозможи полесна употреба на приборот за јадење. Обврската на домаќинот е да ги смести поканетите гости со тоа што на секој ќе му го најде соодветното место (домаќините се сместуваат во центарот, а од нивна лева и десна страна се наоѓаат гостите).

Сподели: