замрзнување на модри патлиџани 1

Како правилно да замрзнете модри патлиџани

За да може да се задоволат потребите на организмот за хранливи состојки во зимскиот период кога достапноста на разновидното овошје и зеленчук е намалена, еден од начините е преку замрзнување на храната.

Храната која е припремена за зимница со замрзнување, по однос на хранливите состојки е најслична на свежата храна. Замрзнувањето е постапка на чување на продуктите и продолжување на нивниот период на употреба со помош на ниски температури. Така се запираат биохемиските и ферментациски промени, како и дејството на микроорганизмите. Бидејќи процесот е брз, не може да се формираат ледени кристали кои би ја оштетиле структурата на клетките, а тоа овозможува да се сочуваат повеќе витамини и минерали, отколку со било кој друг метод.

Со замрзнување на зеленчукот се зачувуваат витамините, се скратува времето за готвење, се намалува времето за нивно варење, а на производот му се продолжува рокот на траење. Правилниот начин на замрзнување ќе ви овозможи зачувување на хранливите состојки.

замрзнување на модри патлиџани

Техника за правилно замрзнување на модри патлиџани

За да може правилно да ги замрзнете модрите патлиџани и да ги зачувате нивните хранливи својства, бојата и вкусот подолг временски период, следете ги следните чекори:

  1. Изберете свежи, цврсти модри патлиџани со сјајна кора.
  2. Под силен млаз од ладна вода добро измијте ги модрите патлиџани, а со тоа ќе ја оттраните целата нечистотија и прашина.
  3. Потоа, излупете ја кората и со помош на остар нож, модрите патлиџани исечкајте ги на кругови со дебелина од 6-7 мм.
  4. Во тенџере на оган со ставете вода да се загрее. Во врелата вода додајте свеж сок од лимон. На секои 4 литри вода, додајте 125 мл свеж сок од лимон. Сокот од лимон ќе помогне за зачувување на бојата на модрите патлиџани.
  5. Во врелата вода додајте ги модрите патлиџани и оставете ги да се варат за време од 4 до 7 минути.
  6. Откако модрите патлиџани кратко ќе поварат, извадете ги од тенџерето и веднаш ставете ги во сад со ладна вода и мраз. Модрите патлиџани во садот со ладна вода оставете ги за време од 4 до 5 минути.
  7. Модрите патлиџани извадете ги од водата, добро исцедете ги со помош на цедилка или чиста кујнска хартија.
  8. На крај, ставете ги во херметички ќеси за замрзнување и потрудете се да отстраните колку што е можно повеќе воздух. Исто така, модрите патлиџани може да ги замрзнете во пластични садови, така што ќе оставите повеќе од 1 см простор од врвот на садот. Замрзнатите модри патлиџани консумирајте го во период од 9 месеци.

Сподели: