новогодишната трпеза

Како треба да изгледа новогодишната трпеза?

Новата година, носи нови почетоци. Минатото е зад нас, па носиме новогодишни одлуки, се надеваме на среќа и благосостојба, планираме, а и спремаме богата трпеза. Прашавме повеќе домаќинки од нашиот крај што најчесто пригитвуваат за новогодишната вечер, па ви претставуваме што традиционално се спрема за новогодишната трпеза.

Припремата за трпезата започнува така што се поставува чаршав во црвена или зелена боја. Доколку немате чаршав во овие бои може да користите бел, а чиниите или салфетките кои ќе ги поставите нека бидат во боја на новогодишните празници. До чиниите се поставуваат чаши за сок и чаши за вино со кои се наздравува при дочекот на Новата година.

новогодишна трпеза

Сите домаќинки приготвуваат богата трпеза. Еве што најчесто се приготвува во Македонија за новогодишната трпеза и кое е симболичното толкување на приготвената храна,

Печено свинско месо

Скоро сите за Новата година за вечера или ручек спремаат печено свинско месо како главно јадење на трпезата. Богатата трпеза со свинско месо симболизира богатство и просперитет. Доколку и вие правите печено свинско месо еве неколку испробани рецепти:

Салата со зелка

Како и свинското месо, салатата со зелка е речиси задолжителен дел на трпезите. Зелената боја е симбол на хармонијата, природата, здравјето и добрата среќа. Листовите од зелка потсеќаваат на банкноти, па вака приготвената трпеза симболизира економски просперитет. Еве супер предлог за салата со зелка:

Руска салата

Карактеристично за руската салата е тоа што се прави со многу состојки кои симболизираат изобилство, а сите знаеме дека во нејзиниот состав има и грашок. Мешункастите зеленчуци мора да бидат на менито за Новата година затоа што потсеќаваат на парички, па постои верување дека колку повеќе мешунки јадеме на новогодишната ноќ, толку повеќе пари ќе привлечеме во новата година. Ви предлагаме две испробани рецепти за руска салата:

Риба

Кај нас во периодот на Новата година се пости, па за сите верници кои постат наместо свинско месо, рибата е најдобар избор. Ако за новогодишната трпеза ќе приготвувате риба, еве два рецепти:

Торта

Кога зборуваме за десерти за новогодишните празници, прво на памет ни доаѓа замислата за торта со кружен облик. Кругот асоцира на сонце, живот и земјената топка, а симболизира единство и бесконечност. Се верува дека колку повеќе состојки има во тортата (бадеми, лешници, чоколадо…), толку ќе биде пообилна и послатка Новата година. Ви предлагаме неколку рецепти кои ќе ви го олеснат изборот за највкусен десерт за празниците.

И за крај, не заборавајте на поговорката: „Љубовта влегува низ уста!“ Среќниот стомак ќе креира и среќна Нова година. Најважно е да бидете со најблиските па да создадете убави и среќни моменти, во мир и хармонија. Нека е со среќа Новата година!

Ви предлагаме да прочитате: 20 новогодишни декорации за домот и трпезата.

Сподели: