храна богата со калиум

Калиум за здраво срце и енергија

Калиумот е есенцијален минерал кој е многу важен минерал за правилно функционирање на сите клетки, ткива и органи во човечкото тело. Овој минерал е добро познат по намалувањето на покачениот крвен притисок, а последните истражувања покажале дека внесувањето на калиум кај жени после менопауза го намалува ризикот од можен мозочен удар.

Зошто ни е потребен калиум?

Калиумот е витална компонента на клеточната функција и влијае подобро врз протокот на крвта низ критичните делови од телото. Покрај тоа има функција да го одржува електолитниот баланс во телото, да учествува при трансмисија на нервите и да одржува правилни контракции на мускулите.

За жал, според статистичките податоци во организмот внесуваме многу помалку калиум отколку што препорачува Светската здравствена организација. Препорачаната дневна доза е 4700 милиграми на ден, а само 2% од Американците ја исполнуваат оваа квота. Тоа значи дека поголем дел од населението страда од недостаток на калиум, минералот од голема важност за зајакнување на коските, мускулите, заштитник на здравјето на срцето и заштитник од мозочен удар.

Храна богата со калиум

Добрата вест е што препорачаната доза на калиум воопшто не е тешко да се внесе преку храната, а ние ви препорачуваме неколку намирници кои треба да се најдат на вашето редовно мени:

Ако често ги јадете горе наведените намирници, покрај калиумот ќе внесувате и многу други минерали и витамини, што ќе ви помогне да го зајакнете имунитетот, да го подобрите варењето на храната, здравјето на срцето и да го подигнете нивото на енергија.

храна богата со калиум

Симптоми при недостаток на калиум

Недостатокот на калиум се нарекува хипокалемија и настапува кога нивото во телото е под нормалното. Лошите навики на исхрана и консумација на храна која е сиромашна со овој минерал може да доведат недостаток во телото. Внесувањето на доволни количини на калиум е особено важно за целосното здравје и правилно функционирање на телото, особено за срцето. Симптоми кои се јавуваат при недостаток на се:

Сподели: