кари - мешавина од зачини

Кари – индиски зачин за вкус и здравје

Дали знаевте дека кари не е еден зачин туку тоа претставува мешавина од зачини? Потекнува од Индија каде што ужива секојдневна широка примена во разни јадења, а кај нас може да се најде во подобро опремени супер маркети или продавници за здрава храна. За него се вели дека е уметност, вештина, трпение и чувство на рамнотежа. Тоа е еден магичен прав што може да го направи секое јадење со прекрасен вкус.

Кари е одличен зачин за сосови и преливи, одлично се вклопува и во повеќе манџи, добро одговара со зеленчукови додатоци, а го подобрува и вкусот на месото. Во својот состав содржи кориандер, куркума и ким, во зависност од желбата во него се додава и лук, ѓумбир, куркума, чили, цимет, црн пипер, морско оревче и уште многу други зачини.

Освен како додаток во јадење, карито се користи и за подобрување на дигестијата, болести на цревата, здрав црн дроб и други потешкотии во врска со дигестивниот систем. Покажува исто така позитивни ефекти кај пациентите кои што страдаат од рак и Алцхајмерова болест.

кари - мешавина од зачини

Некои научници веруваат дека исхраната богата со кари може да го заштити мозокот од стареење. За да немате главоболки зачинувајте ги салатите и месото со овој зачин бидејќи во кари е присутна главната компонента на аспиринот.

Во медицината, куркумата која е составен дел на кари е одамна позната како помошник  кој го зајакнува и храни организмот. Таа се користи за:

  • го подобрува варењето на храната
  • ја поддржува корисната микрофлора во цревата
  • помага за намалување на подуеност
  • го поддржува функционирањето на црниот дроб и жолчката
  • придонесува за нормализирање на менструација
  • го намалува воспалението на зглобовите
  • ги стимулирање метаболитичките процеси
  • помага за намалување на проблемите со кожата
  • ја олеснува работата на дишните патишта.

Сподели: