Качамак од jачменово брашно и кисело млеко - хроно рецепт 1

Качамак од jачменово брашно и кисело млеко – хроно рецепт

Нема месење, а се добива одлично јадење, наречено качамак од јачменово брашно! Инспирацијата ја добивме од бројните љубители на хроно исхраната, а благодарение на Емили, која го сподели рецептот со сите нас, сега и ние го споделуваме на нашиов сајт. Се прави лесно и корисно е за сите здрави режими на исхрана.

Често пати од што не знаеме како да ги приготвиме и не ги употребуваме другите видови на брашна, секако освен белото. Овој рецепт беше инспириран токму од таа потреба, а е подготвен од Ана Чубела. Пробајте го пријатели.

Качамак од jачменово брашно и кисело млеко - хроно рецепт 2

Може да ве интересира: Со јачмен против лошиот холестерол.

Состојки:

  • 400 мл вода
  • неколку лажици јачменово брашно (додавате од прилика додека ја добиете посакуваната густина)
  • малку сол по вкус
  • 1 лажичка путер.

Подготовка:

  1. Посолената вода ставете ја да се зоврие.
  2. Во меѓувреме додајте ја лажичката путер.
  3. Кога водата веќе врие, намалете ја температурата на шпоретот и полека со постојано мешање со помош на жица, додајте го брашното. Ова ќе ви помогне да ги избегнете грутчињата. Може да се каже дека подготовката е многу слична на палента и јадењето е готово за неколку минути.
  4. По желба додајте кисело млеко, ленено семе, а може да додадете и лажица кајмак, пропжена сланина и слично.

Рецепт и фотографија: Емили Стојановски.

Ви препорачуваме да прочитате: Направете јачменови никулци и подобрете го здравјето.

Сподели: