Кашел пикантна палента со зеленчук.

“Кашел” пикантна палента со зеленчук

Одлична идеја за гарнир или засебен оброк кој фантастично се надополнува со чаша јогурт, некоја лажица павлака или салата од домат. Нов вкус на палента со зеленчук кој ќе ги освои вашите сетила!

Она што е најинтересно во овој рецепт е слободниот и креативен избор на состојките, количини според вашите потреби, а може да ставите и дополнителни додатоци зависно од вашите желби.

"Кашел" пикантна палента со зеленчук

Состојки:

  • Палента
  • Тиквичка
  • Морков
  • Луто пиперче
  • Мешан зачин
  • Црн пипер
  • малку путер.

Подготовка:

  1. Најпрво измијте ги тиквичката, морковот и пиперчето, потоа излупете ги и исечкајте ги на ситни коцки.
  2. Ставете ги кратко да се варат (додека да зоврие водата) и оставете ги 10-тина минути да се варат за да омекнат. Количината на вода треба да биде доволна за да го покрие зеленчукот.
  3. Додајте од палентата колку за да се формира кашеста смеса, а веднаш потоа додадете го мешаниот зачин, црниот пипер и путерот.
  4. Добро измешајте и сервирајте.

Вака приготвената палента со зеленчук, можете да ја употребите како гарнир со месо или пак да ја јадете како посен ручек. Највкусна е кога е топла и пресно приготвена, а може да ја сервирате според погореспоменатите предлози или со што сакате по желба. На здравје!

Сподели: