кајгана со суви пиперки и џимиринки

Кајгана со суви пиперки и џимиринки

Обожаваме секакви рецепти, а онака најомилени ни се нашите традиционални рецепти! Нашата култура, обичаи и рецепти треба да ги негуваме и пренесуваме на идните генерации. Па, во оваа прилика споделуваме рецепт за кајгана со суви пиперки и џимиринки (чварки, пршки).

Ретко каде на друго место има традиција за сушење на пиперки или пак подготовка на џимиринки. А токму овие две состојки ги искористи Невена и ни приготви убава кајгана. Таа вели дека станува збор за едно лесно, брзо, вкусно зимско јадење.

кајгана со суви пиперки

 Состојки:

  • 12 големи суви пиперки
  • 2 раце џимиринки (чварки, пршки)
  • 4-5 јајца
  • по вкус сол
  • 1-2 лажици масло.

Подготовка:

  1. Сувите пиперки, ставете ги во зовриена вода да омекнат. Потоа исцедете ги, исчистете ги од семките и исечете ги на помали парчиња.
  2. Јајцата скршете ги и ставете ги во длабок сад. Додајте малку сол и измешајте ги со виљушка.
  3. На загреана тава, на умерена температура ставете малку масло да се загрее. Потоа, додајте ги џимиринките. Пропржете ги кратко време колку да пуштат маст, а потоа додајте ги пиперките.
  4. Мешајте ги и пржете ги заедно 2-3 минути да се изедначат вкусовите. На крај додајте ги јајцата и мешајте додека и тие се испржат.
  5. Послужете ги одма, топли со лепче, сирење, јогурт… На здравје!

Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.

Ви предлагаме да прочитате: Суви пиперки со урда.

Сподели: