кајсии

Кајсии – здраво и вкусно кралско овошје

Често се нарекувани кралско овошје, а се смета дека на нашите простори овие златни плодови на сонцето ги донел Александар Македонски. Вкусние кајсии помагаат во одржувањето на здравиот вид, го подобруваат варењето на храната и сонот, одлични се за имунитетот и уште многу други функции на организмот.

кајсии

Покрај привлечниот изглед и уште подобриот впечатлив вкус, кајсиите имаат значајни позитивни придобивки за нашето здравје:

  1. Кајсиите се одлични за здравјето на очите бидејќи содржат витамин А, кој го поддржува добриот и јасен вид.
  2. Полни се со витамин Ц и на тој начин го одржуваат силен имуниот систем.
  3. Кајсиите се одличен извор на растителни влакна кои му помагаат на дигестивниот систем беспрекорно да ја вари храната.
  4. Содржат ликопен, каротеноид значаен за здравјето на белите дробови и превенција од одредени видови на рак.
  5. Кајсиите содржат многу флавоноиди, фитинутриенти кои имаат антиоксидативна улога во организмот.
  6. Богати се со калиум што придонесува за здравјето на срцето.
  7. Тие се одличен извор на триптофан кој помага против несоница и овозможува подобар сон.
  8. Богатството од бета каротен во нивниот состав и помага на кожата да се заштити од штетното влијание на ултравиолетовите зраци.
  9. Кајсиите исто така помагаат против канцерогени промени, бидејќи му помагаат на организмот да ги отстрани штетните радикали.
  10. Погодни се за секојдневна исхрана и диети, нивната енергетската вредност е само 117 калории на 100 грама.

Кајсиите е најдобро да ги јадете свежи, а доколку не им е сезона ви препорачуваме да ги консумирате суви, а доколку ве интересира, прочитајте ги здравствените придобивки од сувите кајсии.

Сподели: