Квасецот влијае чудесно врз здравјето и убавината 1

Квасецот влијае чудесно врз здравјето и убавината

Можеби на квасецот сте гледале како состојка која ви помага за тестото да излезе совршено на крај, а кога ќе дознаете за што се помага и за што се може да се употребува, веќе нема да можете без него!

Во народната медицина, пивскиот квасец е познат како лек за многу болести, а своето место го има пронајдено и во конвенционалната медицина. Се смета дека најдобар е сувиот квасец, бидејќи во оваа форма организмот го искористува најдобро.

kvasec 2

Меѓутоа, кога станува збор за свеж квасец треба да имате на ум дека не треба да го консумирате во голема количина од повеќе причини, брзо се расипува, има горки вкус, предизвикува надуеност, габичките го користат како храна, а организмот не е во состојба да живее со преголема количина на живи габички, ниту да ги користи витамините од Б групата, ниту другите состојки во потребните количини. Така, од повеќе причини денес во поголема мера се користи исушен пивски квасец, кој организмот потполно го искористува, а се консумира со вода заедно со главните оброци. Меѓу корисните состојки посебно се истакнуваат протеините, кои се слични на оние од животинско потекло, а исто така има и шеќер, железо, минерални состојки – олигоелементи и витамини и тоа посебно од Б групата.

Квасецот се препорачува во сите животни доби заради тоа што кога се користи умерено и правилно дозирано, има заштитна функција за организмот. Дневната доза на квасец треба да се консумира најмалку на три пати, односно да биде поделена во три дози, а дневниот внес не смее да биде повеќе од 6 до 10 грама.

Квасецот преку група габи кои ослободуваат јаглероден диоксид, го раствара шеќерот до алкохол. Меѓутоа, не сите врсти се корисни. Некои може да предизвикаат и инфекции, затоа по потреба консултирајте се со стручно лице. Пивскиот квасец се користи за правење на леб и напитоци, а уште во еден документ од 1555 година пред нашата ера, се спомнува дека „калта“ од пивото (а тоа е квасецот) го чува телесното здравје, додека во 16-тиот век, сувиот пивски квасец лекарите го нарекле „божествен лек“.

Ви препорачуваме да прочитате: Маска од квасец за зајакнување и побрз раст на косата.

Сподели: