ким - зачин и лек

Ким – зачин и лек за здравствени проблеми

Кимот е зачин кој одамна го освоил светот како додаток во исхраната, но и како лековито средство за разновидни здравствени проблеми. Ова растение е едно од најраспространетите, најстарите и најпопуларните зачини. Источниот народ зборува дека кимот лечи се, освен смрт!

Маслото од ким ја поттикнува работата на желудникот и жолчката, а како зачин има корисен ефект врз апетитот и варењето на храната. Исто така, во библијата се спомнува кимот како составен дел на лебот кој спречува надуеност, помага во лекување на болести на белите дробови, стомакот и жолтица.

Во 100 грама ким ги има следните минерални материи:

  • железо 16%
  • манган 7%
  • бакар 4%
  • калциум 4%
  • магнезиум 4%
  • фосфор 3%.
ким - зачин и лек

Лековити својства на ким

Кимот претставува добар извор на железо, манган, како и други витамини и минерали. Некои истражувања покажуваат дека може да го стимулира производството на панкреасните ензими и да помогне во варењето на храната.

Железото е составен дел на хемоглобинот, кој го транспортира кислородот од белите дробови до сите телесните клетки и исто така е дел од клучниот ензимски систем за производство на енергија. Покрај тоа, кимот е особено важен и корисен за жените за време на менструалниот циклус кога се случува да изгубат дел од железото во организмот.

Плодот од ова растение, неговото семе и масло ја поттикнуваат работата на желудниот и жолчниот меур, делуваат смирувачки на цревата и ублажуваат грчеви. Кога се во прашање жените ги смирува грчевите во матката, ги олеснува пред породилните и породилните болки, а на доилките за време на доењето им обезбедува повеќе млеко. 

Добри резултати покажува во лечењето на деца болни од бронхитис, астма и разни алергии, а исто така има позитивно влијание врз болестите на белите дробови, кожни болести и потешкотии предизвикани од астма. Помага во намалување на гликозата во крвта, холестеролот и триглициридите, а е доста корисен и за дијабетичарите.

Употреба на ким

Најзначаен производ од кимот е маслото кое во себе содржи стотици активни супстанции. Се добива од зрели семки со ладно цедење. Лечи од болести на белите дробови, бронхијална астма, мигрена, спречува губење на косата и дебелина, ги отстранува симптомите на ревматизам, дијабетес, тешки воспаленија и висок крвен притисок.

Маслото од ким се препорачува како додаток во салати (особено како прилог на салати со цвекло, а може и со кисела зелка), исто така може да се додаде и пред крајот на готвењето, само не треба да се користи за пржење за да не се уништат лековитите материи.

Најефикасно е кимот да се консумира секојдневно како зачин или како чај. Кај заболувањата на дишните патишта, добро е чајот да се меша со мед.

Чај од ким против бронхитис и кашлање

Една лажица ким, една мала лажица камилица и пола лажица анасон измешајте во една шолја топла вода. Оставете го да отстои 10 минути, процедете го и пијте го неколку пати на ден.

Сируп против астма

Измешајте една мала лажица мелен ким, две издробени чешниња лук и две лажици мед. Секое утро на празен стомак се зема по една мала лажица од сирупот во период од три недели.

Сподели: