кинеска салата 1

Кинеска салата со ориз, сирење и павлака

Оваа кинеска салата со ориз е многу популарна низ Македонија, а на многумина им е омилена кремаста салата. Рецептот е повеќе пати испробан во кујната на Клара, па штом ви се јаде освежителна кремаста салата со ориз, ова е одличен избор за вас.

Кинеската салата традиционално се приготвува со варен ориз, кисели краставички, бело сирење, лук и павлака. Брза е и лесна за подготовка, а не содржи глутен.

кинеска салата

Состојки:

  • 1 чаша ориз, варен и цеден
  • 100 гр кашкавал
  • 100 гр салама
  • 150 гр бело сирење
  • 5-7 кисели краставички
  • 100 гр ореви
  • 2-3 чешниња лук (може да користите лук во прав по желба)
  • 2 кисели павлаки
  • сол по вкус.

Подготовка:

  1. Оризот, исчистете го и сварете го. Постапката за најбрзо варење на ориз по рецепт на Џејми Оливер, прочитајте ја тука. Варениот ориз исцедете го.
  2. Кашкавалот, саламата и киселите краставички исечкајте ги на мали коцки.
  3. Белото сирење издробете го со виљушка.
  4. Оревите сомелете ги.
  5. Чешнињата лук исчистете ги. Трикот за најбрзо лупење на лукот погледнете го тука. Исчистените чешниња лук ставете ги во сад за толчење. Истолчете ги.
  6. Во длабок сад ставете го варениот цеден ориз, исечканиот кашкавал, салама, кисели краставички, дробеното сирење, мелените ореви и толчениот лук. Добро измешајте ги состојките, а потоа додајте ја едната павлака. Уште еднаш измешајте ја салатата, ставете ја во помали чинии, премачкајте ја со павлака и украсете по желба. Приготвената кинеска салата чувајте ја во фрижидер до служењето. На здравје!

Рецептот го испратил: Клара Бос

Сподели: