киноа со брокула и моркови

Киноа со брокула и моркови

Од листата на здрави, вегетаријански јадења ви го претставуваме рецептот за брзо приготвена киноа со брокула и моркови.

Имате 20-тина минути слободно време, а ви се каснува нешто здраво и вкусно? Ова е вистинското решение за вас. Овој рецепт изобилува со здрави намирници, богат е со протеини и витамини, а не содржи глутен. Идеално е за вегани и за сите кои обожаваат јадења со зеленчук.

киноа со брокула

Состојки:

  • 1 чаша киноа
  • 2 чаши вода
  • 2 лажици масло од сусам
  • ½ чаша сечкан кромид
  • 2 чешниња ситно сечкан лук
  • 1 лажица ситно сечкан ѓумбир
  • брокула
  • 2 пиперки или неколку печурки по желба
  • 2 моркови
  • 2 ½ лажици соја сос.

Подготовка:

  1. Во мало тенџере на оган ставете ја киноата и додајте ја водата. Штом водата зоврие, тенџерето покријте го со капак, намалете ја температурата и оставете да вари на тивок оган додека киноата ја апсорбира целата течност. Тоа би требало да биде за време од околу 10 минути.
  2. Во вок тава, на умерена температура ставете го маслото да се загрее. Во загреаното масло ситно сечканиот кромид, лук и ѓумбирот. Пропржете за време од 5 минути додека кромидот омекне.
  3. Во тавата додајте ги брокулата исечена на цветови, сечканите моркови и пиперки. Измешајте и додајте го соја сосот и варената киноа. Тавата покријте ја со капак и оставете да се готви јадењето за време од 5 до 6 минути. Често мешајте. Штом брокулата омекне, јадењето е готово.
  4. Вака приготвената киноа со брокула послужете ја веднаш. На здравје!

Ви предлагме да прочитате: 6 причини да јадете киноа.

Сподели: