Козињак со лимон и суво грозје.

Козињак со лимон и суво грозје

Се подготвува и изгледа многу интересно, а се прави од тесто и прекрасни ароматични овошја. Ретко која домаќинка не посакала да сплете вака симпатична плетенка од тесто, па затоа ви предлагаме да го пробате нашиот рецепт за ароматичен козињак со лимон и суво грозје кои му даваат тропски сензационален вкус!

Козињак со лимон и суво грозје

Состојки:

  • 1 кг брашно
  • 1 коцка квасец
  • 2 јајца
  • 1 жолчка
  • 3-4 супени лажици шеќер (по желба може да ставите и повеќе)
  • 1 чаша млеко
  • малку масло
  • малку сол
  • 50 гр суво грозје
  • изрендана кора и исцеден сок од 1 лимон
  • сусам за одозгора (по желба).

Подготовка:

  1. Во длабок сад се става квасецот и  се додава една лажичка шеќер, 1/2 лажиче сол, неколку лажици брашно и малку млака вода (околу 100 мл). Квасецот се остава за убаво да нарасне.
  2. Откако квасецот убаво ќе нарасне се додава брашното и преостанатите состојки, па месиме убаво за да добиеме меко тесто.
  3. Вака добиеното тесто се прекрива со крпа и се остава да отстои 15-20 минути за да нарасне.
  4. Откако тестото ќе нарасне се дели на два еднакви дела, а секој дел на три еднакви делови. Од секое делче со помош на рацете се исукува убава долга кора и се групираат по три за да направите плетенка. Тестото плетете го како класична плетенка.
  5. Готовиот козињак премачкајте го со изматена жолчка, а одозгора по желба наросете сусам.
  6. Повторно оставете го да нарасне, околу 10 минути, а потоа испечете го во убаво загреана рерна на 220 степени, околу 30 минути.

Добро е да се напомене дека после вадењето од рерна, топлиот козињак се прекрива со платнена крпа. Доколку сакате козињак со арома на портокал, кликнете тука за рецепт. Сервирајте парче козињак со лимон и суво грозје со филџан топло црно кафе и чаша вода. Уживајте во аромата, на здравје!

Сподели: