Кои намирници предизвикуваат несоница 1

Кои намирници предизвикуваат несоница?

Дури и ако немате проблем со сонот, добро е да знаете кои намирници предизвикуваат несоница. Добриот и редовен сон е неопходен за нормално функционирање на организмот и борба со дневните задачи на брзиот начин на живот.

Меѓутоа, не ретко, кај голем број луѓе се јавува проблем со несоница, лесно „кршлив“ сон, будење сред ноќ. Подготвивме листа со намирници кои треба да ги избегнувате ако патите од несоница.

Кои намирници предизвикуваат несоница 2

Може да ве интересира: Природен напиток против несоница и Домашен напиток против несоница.

Еве за кои намирници станува збор:

  1. Конзервираното и чаденото месо го поттикнува излачување на стимулансите кои не одржуваат будни и не прават нервозни.
  2. Дури и мала количина на чоколадо содржи од аминокиселината тирозин, која доведува до пореметен сон.
  3. Сите енергетски пијалаци, содржат високо ниво на кофеин, што ја поттикнува напнатоста и излачувањето на адреналинот.
  4. Зачинетата и кисела храна, како и јадењата со чили, го отежнуваат варењето на храната, а тоа го пореметува сонот.
  5. Алкохолот предизвикува дехидратација и го поттикнува мокрењето. Заради тоа често се будиме.

Ви препорачуваме да прочитате: 5 помагачи за добар сон.

Сподели: