кокос - сојузник на здравјето.

Кокос – сојузник на здравјето на повеќе од 15 начини

Симпатичен на изглед, прекрасен за вкус и одличен сојузник на здравјето на повеќе од 15 начини. Кокос, а што друго може да биде!? Во исхраната е застапен многу често, а на нашите простори како дел од разни десерти, затоа важно е да знаеме и нешто и за неговата хранлива вредност. 

Кокосот спаѓа во групата на функционална храна, затоа што има големи придобивки за здравјето, благодарение на неговиот состав. Изобилува со растителни влакна, витамини и минерали. Кокосовото масло е од особен интерес кај научниците затоа што поседува лековити својства во споредба со другите масла, а многу се употребува во традиционалната медицина кај Азиската и Пацифичката популација. Кокосовата палма како резултат на тоа што служи за храна и за лек уште се нарекува и дрво на животот.

Кокосот во традиционалната медицина низ светот се користи за третман на голем број на здравствени проблеми како што се: астма, ќелавост, бронхит, изгореници, модринки, настинки, кашлица, запек, гингивит, неправилна или болна менструација, жолтица, камења во бубрезите, инфекции на кожата, тумори и друго.

кокос - сојузник на здравјето

Модерната медицина со низа истражувања ја потврдува употребата на кокосот за лекување на многу состојби, како што се:

  1. Ги уништува вирусите кои предизвикуваат грип, херпес, хепатит Ц, САРС.
  2. Ги уништува бактериите кои што предизвикуваат улцер, инфекции на хранопроводот, уринарниот тракт, заболувања на непцата, пнеумонија и гонореа.
  3. Ги уништува габичките и квасците кои предизвикуваат кандида и микоза.
  4. Ја зголемува енергијата и ги подобрува физичките и атлетските перформанси.
  5. Го подобрува варењето на храната и апсорпцијата на витамините, минералите и аминокиселините.
  6. Ја подобрува апсорпцијата на калциум и магнезиум, со што го поддржува развојот на силни коски и заби, а превенира појава на остеопороза.
  7. Ја подобрува секрецијата на инсулин и стабилизирањето на крвниот шеќер. Со тоа поволно дејствува и го намалува ризикот од дијабетес.
  8. Ја помага работата на панкреасот и ги намалува симптомите поврзани со панкреатитис.
  9. Ја намалува болката и иритацијата предизвикана од хемороиди.
  10. Превенира појава на канцер на градите и дебелото црево.
  11. Добар е за здравјето на кардиоваскуларниот систем и помага за намалување на артериосклероза.
  12. Поседува антиоксидантни карактеристики и го штити организмот од штетните радикали кои што доведуваат до предвремено стареење и дегенеративни заболувања.
  13. Помага при појава на инфекции на уринарниот тракт, така што ги разградува бубрежните камчиња.
  14. Ја поддржува функцијата на тироидната жлезда.
  15. Го олеснува намалувањето на телесната тежина, така што го забрзува метаболизмот.

Сподели: