интегрални колачиња со овесни снегулки

Колачиња со овесни снегулки и ореви

Не можете да одолеете на слатките колачиња со овесни снегулки кои се продаваат во маркетите? Сега може да ги направите дома по испробан рецепт.

Невена е експерт за благи и вкусни специјалитети. Тоа го потврдува со овој фантастичен рецепт за колачиња со овесни снегулки, ореви и чоколадо. Вреди да се пробаат!

колачиња со овесни снегулки

Состојки:

  • 150 гр путер омекнат на собна температура
  • 150 гр интегрално брашно
  • 150 гр бело брашно
  • 100 гр шеќер
  • 1 лажица мед
  • 1 ванилен шеќер или екстракт од ванила
  • 1 јајце
  • 70 гр овесни снегулки
  • 70 гр чоколадни капки
  • 40 гр ситно сецкани ореви
  • 1 лажиче прашак за печиво
  • прстофат сол.

Подготовка:

  1. Во сад за матење се ставаат путерот, јајцето, шеќерот, медот, ванилата. Се матат со миксер додека се добие кремаста смеса.
  2. Потоа се додаваат сите останати состојки и со рака се замесува тесто.
  3. Тестото се витка во најлонска фолија и се остава 30-на минути во фрижидер.
  4. Од тестото се делат мали парчиња и се прават колачи во вид на ќофтиња и се редат во плех обложен со хартија за печење.
  5. Колачињата се печат во загреана рерна на 180 степени за време од 15 минути.
  6. Печените колачиња со овесни снегулки се вадат од тавата и се оставаат да се изладат. Потоа се служат со чај или кафе. На здравје!

Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.

Ви предлагаме да прочитате: Рецепт за пиварки со ореви и кокос.

Сподели: