Колачи пралине со кокос 1

Колачи пралине со кокос

Уште пред да продолжите со читање на рецептот, ве предупредуваме, вкусот на овие колачи е заразен! Откако еднаш ќе пробате од слатките и ароматични, па уште и домашно приготвени пралине со кокос нема да можете да престанете да јадете! Најубави се со друштво, па поканете ги пријателите, направете кафе и споделете радост.

Испробани се од нашата пријателка Лана и нема да згрешите ако одлучите да ги направите. Од оваа доза ќе добиете 40 колачиња.

Колачи пралине со кокос 2

Состојки:

За колачиња:

  • 250 гр рикота сирење
  • 250 гр маскарпоне сирење
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 100 гр шеќер во прав
  • 100 гр кокос

За глазура:

  • 300 гр црно чоколадо
  • 5-6 лажици масло
  • малку кокос за декорација.

Подготовка:

  1. Измешајте ги сирењата, додајте ја кесичката ванилин шеќер и шеќерот во прав, малку измешајте ги, па додајте го и кокосовото брашно. Ако смесата е премногу мека, слободно додајте уште малку кокос. Ставете ја во фрижидер барем половина час и откако ќе се стегне ќе биде полесна за обликување.
  2. Од припременатња смеса направете топчиња со посакуваната големина и редете ги врз рамен сад, кој претходно сте го обложиле со целофан или фолија. Откако ќе ги направите сите топчиња, заедно со се садот ставете ги во замрзнувач за време од 1-2 часа или додека се стегнат.
  3. За глазурата растопете го чоколадото на потивка температура со малку масло, па спуштајте ги топчињата едно по едно, па исцедени од вишокот на чоколадо, враќајте ги повторно во рамниот сад. Пред чоколадото да се стврдне, посипете ги о малку кокос за декорација. До послужување чувајте ги на ладно во фрижидер или замрзнувач.

Забелешка: Пралине можете да правите и со друго ситно сирење кое обично го користите за чизкејк. Уживајте!

Ви препорачуваме да прочитате: Визитарски колачи чизкејк коцки.

Сподели: