Колач со крем фил од ореви 1

Колач со крем фил од ореви

Неодоливиот вкус на овој колач со крем фил од ореви е вреден за секоја калорија! Сочно и кремасто залче за уживање со кафето… Убавини!

Кате го подготви со ореви, како во филот, така и во пандишпанот. Аромата од румот ја надополнува целата вкусна „идила“, треба да се проба!

Колач со крем фил од ореви 2

Состојки:

За пандишпан:

  • 4 јајца
  • 200 гр шеќер
  • 10 лажици вода
  • 160 гр мелени ореви
  • 160 гр брашно
  • 3 лажици афион
  • 1 ќесичка прашок за печиво

За крем:

  • 200 гр путер
  • 140 гр шеќер во прав
  • 200 гр мелени ореви
  • 100 мл топло млеко
  • 1/2 ампула екстракт од рум (или 1-2 лажици по вкус).

Подготовка:

  1. Прво одделете ги белките од жолчките.
  2. Со половина од шеќерот изматете ги белките во цврст снег.
  3. Со другата половина од шеќерот изматете ги жолчките.
  4. Додајте ја водата и измешајте со жица за матење.
  5. Во садот со жолчките додајте ги изматените белки и мешајте внимателно во еден правец.
  6. Додајте го брашното, кое претходно сте го измешале со печивото, оревите и афионот.
  7. Измешајте со дрвена лажица.
  8. Изматената смеса ставете ја во плех (со големина 25/35м) и печете на 180 степени, за време од 25 минути.
  9. Испечениот пандишпан оставете го да се излади.
  10. Започнете со подготовка на кремот. Со топлото млеко посипете ги оревите и оставете да се изладат.
  11. Путерот пенесто изматете го со шеќерот во прав.
  12. Додајте ги оревите и румот и мешајте за да се соедини убаво кремот.
  13. Нанесете го кремот врз изладениот пандишпан.
  14. Оставете го колачот да стои неколку часа за да се стегне кремот. Исечете на коцки и послужете. На здравје!

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.

Ви препорачуваме да прочитате: Непечена кремаста торта со бисквити.

Сподели: