voda pred spienje

Колку е здраво да се пие вода пред спиење?

Пиењето на доволна количина на вода во текот на денот има повеќе придобивки за здравјето. Со тоа се обезбедува потребната хидратација, а и кожата има подобар изглед, со што се намалува појавата на акни. Дознајте дали е здраво да се пие вода пред спиење.

Водата содржи многу корисни минерали кои му се потребни на организмот за да може нормално да функционира. Пиењето вода пред спиење е еден од најдобрите начини да му помогнеме на телото да ги искористи сите лековити својства од водата, која нам ни помага да бидеме здрави и силни.

вода пред спиење

Хидратација

Доколку испиете една чаша вода пред спиење, ќе ги надоместите течностите кои се изгубени преку денот. Со оглед на тоа што нашето тело е составено од поголем процент на вода, доволната хидратација е од голема важност. Додека спиеме не ни е потребна голема количина на течности, па една чаша вода ќе помогне да се одржи задоволително ниво на течност во организмот.

Согорување на калории

Водата е природно средство за согорување на калории и сигурно сте слушнале дека пиењето на ладна вода помага во намалување на килограмите. Сепак, ова не е делотворно кај сите луѓе. Кога пиете многу ладна вода, потребно ви е двојно повеќе време за да се загрее, забрза метаболизмот и согорат калориите. Ако пиете вода пред спиење, вашето тело повеќе ќе се труди да ја загрее и забрза метаболизмот, затоа што во текот на ноќта не внесуваме додатни калории, туку се согоруваат оние кои веќе постојат во организмот.

Може да ве интересира: Дали треба да се пие вода за време на оброк?

Подобар сон

Кога пиеме вода, на природен начин ги балансираме витамините, минералите и хранливите состојки во организмот, со што се овозможува нормална работа на органите. Ако пиете вода пред легнување, хормоните, нивото на енергија, мускулите и зглобовите, го постигнуваат својот баланс. Тоа ни помага да се релаксираме, а наутро се чувствуваме одморено и подмладено. За време на сонот, водата стигнува до сите делови на телото.

Детоксикација

Едена од најдобрите придобивки од пиењето на вода е тоа што таа е природен чистач на организмот. Телото во текот на денот е изложено на многу токсични материи, кои доаѓаат од храната, околината и многу други елементи. Ако редовно го чистиме организмот, му помагаме подобро да функционира. Ако испиете само една чаша вода пред спиење, ќе го забрзате природниот процес на детоксикација, а тоа корист ќе имаат органите за варење на храната, мускулите и кожата. Ќе се чувствувате подобро, брзо ќе ги губите килограмите и ќе имате повеќе енергија во текот на денот.

Кога е најдобро време да пиете вода?

  • 2 чаши вода по будење ја помагаат добрата активност на внатрешните органи.
  • Чаша вода, 30 минути пред јадење помага за подобро варење на храната.
  • Чаша вода пред туширање, помага за намалување на крвниот притисок.
  • Чаша вода пред спиење (покрај наведеното) го намалува ризикот од срцев и мозочен удар.

Ви предлагаме да прочитате: Дали треба да се пие вода по мрсен и калоричен оброк?

Сподели: