cista kujna 1

Колку е чиста вашата кујна?

Верувате дека чистотата во вашата кујна е на високо ниво? Ние ќе ви кажеме дека можеби не сте во право. Одговорете ги следните прашања и утврдете дали ги знаете овие важни совети.

Започнуваме!

1. Кога ќе ви остане од јадењето кое сте го приготвиле, приготвената храна:

  • А. Ја чувате во фрижидер, во пластични садови за храна.
  • Б. Јадењето заедно со тенџерето или тавата во кое се приготвувало, го ставате во фрижидер.

Доколку вашиот одговор е под А, тоа е супер. Но, ако сте одговориле под Б, тогаш треба да го знаете овој податок. За да може целосно да се излади тенџерето во кое сте приготвувале храна, потребни се околу 24 часа, а со тек на времето повеќе се развиваат патогени бактерии. Зготвената храна која ви останала чувајте ја во пластични садови, затворени со капак.

2. Дали зготвената храна ја чувате и до една недела во фрижидер?

Треба да знаете дека иако храната не мириса лошо, со самото чување во неа започнуваат се развиваат микроорганизми. А бројот на бактерии се зголемува двојно на секои 20 минути. Затоа, штом сте во дилема, преостанатата храна фрлете ја.

3. Дали го чистите дното на мијалникот, делот од каде што водата истекува и површината врз која ги чувате штотуку измиените чинии?

Дури и металните конструкции изградени со решетки за чување и сушење на измиените чинии имаат мали места на кои се задржува водата подолго време. Ова се совршени места на кое за брзо време се развиваат микроорганизмите кои може лесно да се пренесат врз чистите садови. Исто така треба да знаете дека дното на мијалникот е едно од најнечистите површини во вашиот дом, веднаш по тоалетот.

чиста кујна

4. Дали ги заменувате сунѓерчињата за миење еднаш месечно?

Ако практикувате да ги заменувате сунѓерчињата за миење штом добијат непријатен мирис, време е да ја прекинете таа навика. Тоа значи дека тие се користеле многу долго, а за тоа време се намножиле многу бактерии и габички од кои доаѓа непријатниот мирис.

5. Кога ќе завршите со миењето на садовите, сунѓерчето го чувате:

  • На мијалникот
  • Врз работна површина
  • Во пластичен сад

За чиста кујна, сунѓерчето после миењето на садовите треба да го чувате во пластичен сад каде што ќе може да се исуши. Во влажниот сунѓер може да се развијат многу микроорганизми од мијалникот или работната површина.

6. Дали истиот сунѓер со кој ги миете чиниите го користите и за чистење на работната површина?

Никогаш немојте да го користите истиот сунѓер со кој ги миете садовите, за да ја исчистите работната површина. Дури и да е дезинфициран, сунѓерот содржи многу бактерии и габички кои лесно може да се пренесат врз работната маса.

7. Дали имате мачки кои се качуваат врз работната маса?

Мачките може да носат патогени бактерии од песокот кој го користат, а сигурно тоа не го сакате во близина на вашата храна. Некои од нив може да доведат до инфекција, позната како токсоплазмоза.

Каков е резултатот кој го добивте? Треба ли да менувате некои навики за да биде вашата кујна совршено чиста?

Ви предлагаме да прочитате: 12 совети кои ќе ви заштедат време во кујната.

Сподели: