Компирот како храна и лек - хранлива вредност, употреба и дејство.

Компирот како храна и лек – хранлива вредност, употреба и дејство

Може да се каже дека нашето македонско поднебје е „преплавено“ од компир и нашиот народ го употребува многу често во исхраната во безброј главни јадења, предјадења, во печива, разни салати, па дури и десерти зависно од останатите состојки и креативноста на готвачите. Често се употребува и за лековити намени. Со оглед на популарноста важно е да знаеме за него многу повеќе од она што може да се види и да се вкуси, па да прочитаме.

Историско потекло и факти за компирот

Поради хранливите материи кои ги содржи и лековитите својства, компирот (на лат. Solanum tuberosum) се користи за исхрана на луѓето, но исто така и на домашните животни скоро во сите земји од светот. Компирот потекнува од Јужна Америка, а во Европа е донесен во 16-тиот век и денес се одгледува во многу краеви, и е е повеќе годишно зелјесто растение, со различна големина на плодот. Во светот постојат повеќе од 1500 сорти на компири кои настанале со вкрстување и прилагодување на разните поднебја. Кај нас најпознати се: јерла, клеопатра, атлантик, брајт, фијана, дезире, адора, лизета и кондор. Компирот е сезонски зеленчук (лето-есен) кој успева на рамничарски, но и планински предели и во исхраната се користи постојано бидејќи е едноставен за складирање и обработка.

Краток опис за хранлив состав на компир

Компирот содржи релативно малку калории и голем број на хранливи материи и лековити состојки како што се:

  • Белковини
  • Несварливи материи кои обезбедуваат енергија
  • Бакар
  • Бета-каротен
  • Растителни влакна
  • Растителни масти
  • Винска киселина
  • Витамин А
  • Витамин Б1, Б2 и Б6
  • Витамин Ц
  • Железо
  • Декстрин
  • Лимонска киселина
  • Калциум
  • Калиум
  • Магнезиум
  • Манган
  • Молибден
  • Ниацин
  • Никотинска киселина
  • Скроб
  • Јаглени хидрати
  • Флавоноиди
  • Фосфор
  • Цинк.
Компирот како храна и лек - хранлива вредност, употреба и дејство

Употреба и дејство на компирот во организмот

Компирот во исхраната се користи варен, печен, како пире или пржен. Како додаток во разни јадења со зеленчук и месо, компирот е скоро незаменлива намирница. Најздрав е варениот или обарениот компир, а најпопуларен е пржениот компир – помфрит, кој воедно е и „најнездрав“ заради присуството на маснотии и заради термичкиот третман на висока температура. Облогите од компири се стар народен лек против главоболка или висока температура. Исто така, против херпес, отворени рани, испукана кожа, чиреви, акни и некои други кожни заболувања, се препорачуваат облоги натопени со сок од компир.

Компирот во себе содржи доста лековити материи, така што поволно влијае против следните болести и тегоби:

  • акни
  • алергија
  • анемија
  • анксиозност
  • артритис
  • болести на срцето и крвните садови
  • главоболка
  • дерматитис
  • депресија
  • диетална исхрана
  • екземи
  • кожни болести
  • лекување на испукана кожа
  • несоница
  • некои видови на рак
  • отворени рани
  • вирусни инфекции
  • ПМС
  • регулирање на крвниот притисок
  • регулирање на прекумерна тежина
  • регулирање на варењето на храната
  • чешање
  • стрес
  • бременост
  • херпес
  • чиреви и бубулици
  • шлог.

Компирот заради својата пристапна цена се одгледува и се користи во исхраната во голема мера и количини и тоа во сите земји од светот, а исто така придонесува кон зачувување на здравјето. Има голем број на диети кои се темелат на јадења базирани на компир или јадења во кои основна состојка е компирот. Кога станува збор за консумација од лица кои се дијабетичари, не се препорачува преголема зачестеност во исхраната.

Сподели: