Компот од црни сливи и цимет 1

Компот од црни сливи и цимет

Ароматичен и сосем едноставен, а што е одлично и проверен рецепт! Нашата пријателка Лана ни кажа дека овој рецепт за припрема на компот од црни сливи и цимет го обожава, па како омилен го прави секоја година.

Ние го потврдивме тоа и од бројните позитивни коментари на нејзиниот блог  Kuhinjica Mignone, а во продолжение прочитајте го рецептот.

Компот од црни сливи и цимет 2

Состојки:

Подготовка:

  1. Изберете сливи кои не се многу меки, а најдобро да бидат цврсти, но не и зелени. Измијте ги и пресечете ги на половина, па отстранете им ги семките.
  2. Теглите добро измијте ги и исушете ги, а потоа во секоја ставете парче од стапче цимет и наполнете ги со сливи до горе.
  3. Ако користите големи тегли од 750 мл, во секоја ставете по 6 лажици шеќер, а за помали тегли од 250 мл ставете по 2 лажици шеќер.
  4. Потоа наполнете ги теглите со ладна вода, во количина која е доволна да го прекрие овошјето.
  5. Теглите затворете ги добро и тие се спремни за наредниот чекор.
  6. Во големо тенџер ставете една кујнска крпа на дното, а потоа наредете ред тегли, колку што собира.
  7. Тенџерето наполнете го со ладна или млака вода, така што капачињата да бидат покриени со вода барем 1 см над нив.
  8. Загревајте и откако ќе зоврие варете уште 5 минути.

Компотот е готов, на здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: 3 традиционални рецепти за џем и компот од модри сливи.

Сподели: