Користите ли кардамон? Еве зошто е корисен 1

Користите ли кардамон? Еве зошто е корисен

Ако досега не сте користеле кардамон, можеби е време да почнете. Овој ароматичен зачин го помага варењето, го освежува здивот, а поволно делува и врз крвниот притисок и нивото на шеќерот во крвта.

Кардамонот дава многу убава и пријатна арома на храната и напитоците. Може да се додава во чај или кафе, а може да се користи и за подготовка на лебови, пити и колачи. Исто така, може да се додава во варен или пржен ориз, како и лути рецепти со зеленчук, или како дел од кари.

Користите ли кардамон? Еве зошто е корисен 2

5 дополнителни причини зошто да вклучите кардамон во исхраната

Кардамонот е одличен извор на манган. Лажичка кардамон содржи 80% од препорачаниот дневен внес на овој микроелемент, кој е важен за формирањето на сврзното ткиво и коските.

Делува антибактериски. Кардамонот делува против патогените микроорганизми кои често се развиваат во усната шуплина. Посебно делува врз Streptococcus mutans i Candida albican, кои можат да предизвикаат непријатен здив во устата. Благодарение на ова својство, кардамонот допринесува и за здравјето на забите и спречува кариес.

Придонесува за снижување на крвниот притисок. Истражување на еден медицински факултет покажало дека три грама кардамон, поделени на две дневни дози, за време од 12 недели го намалува крвниот притисок кај 90% од испитаниците.

Кардамонот помага за регулирање на крвниот шеќер. Истражувањата покажуваат дека дијабетичарите имаат ниско ниво на манган во организмот. А бидејќи кардамонот е одличен извор, влијае корисно.

Има антиканцерогени својства. Кардамонот смирува воспаленија, го спречува растот на канцерогените клетки во дебелото црево и поттикнува апоптоза – клеточна смрт на малигните формации. Исто така, влијае превентивно од рак на дојка, јајници и простата.

Ви препорачуваме да прочитате: 5 лековити зачини кои мора да ги имате во вашата кујна.

Сподели: