5 добри причини за редовно да јадете костени.

5 добри причини за редовно да јадете костени

Скапоцените костени се намирница која изобилува со хранлива и енергетска вредност и се препорачливи за деца, спортисти, трудници и повозрасни лица. Тие се обележје на ладните денови и топло залче кое сите го посакуваме!

Откако дознаме како најдобро да избереме и купиме костени, а потоа малку ја разгледавме нивната хранлива вредност и значењето на поимот идеална намирница кој се користи за опис на костените, сега имаме можност да дознаеме повеќе и за нивната здравствена корист.  Еве кои 5 здравствени придобивки ги издвоивме за вас:

Костените смируваат

Костените се богати со витаминот Ц како и витамините од Б групата. Карактеристично е тоа што витамините не се губат за време на варењето или печењето на костените, затоа што се добро заштитени од дебелата кора. Од минералите најзастапен е манганот, бакарот и калиумот. Манганот е неопходен за нормално функционирање на нервниот систем, ги подобрува мускулните рефлекси, го подобрува памтењето, ја намалува нервната раздразливост.

Изобилуваат со витамин Ц

Во споредба со другите јаткасти плодови, костенот се имаат помал процент на масти, а повисок процент на скроб. Покрај тоа, костените се единствените јаткасти плодови кои содржат витамин Ц. Во 100 грама печени костени има 26 милиграми витамин Ц, со што се задоволуваат 43% од дневните потреби на организмот за овој витамин. Витаминот Ц е моќен антиоксиданс и ги штити органите од штетното влијание на слободните радикали, го зајакнува имунитетот и го помага создавањето на колаген. Костените не содржат глутен.

5 добри причини за редовно да јадете костени

Совршена храна за бремени жени

Интересно е тоа што костените содржат со фолна киселина, која најчесто ја има во зелениот лиснат зеленчук. Фолната киселина е потребна за растот на клетките, синтезата на ДНК и за нормална работа на нервниот систем. Внесувањето на храна богата со фолна киселина ги зголемува шансите за забременување, а за време на бременоста допринесува за правилен раст и развој на фетусот.

Костените го чуваат и штитат срцето

Костените се богат извор на моно-незаситени масти, како што се олеинска и палмитинска киселина. Мононезаситени масти го заштитуваат кардиоваскуларниот систем и помагаат при намалување на високиот холестерол.

Го помагаат излачувањето на течностите

Костените се одлична храна при бубрежни и стомачни тегоби. Тие помагаат да се нормализира работата на црниот дроб и бубрезите, а  на тој начин се отстранува вишокот на вода од телото. Покрај тоа, делуваат анти-воспалително и претставуваат идеална храна за луѓето кои страдаат од артритис и ревматизам.

А доколку сакате најлесно да ги сварите или испечите, кликнете тука.

Сподели: