салата со компири и мајонез

Кремаста салата со компири и кисела павлака

Салатите со варени компири се едни од омилените, па ако се со кремаст сос, нема кој да одолее. Еве еден рецепт за кремаста салата со компири, мајонез и кисела павлака, за која веруваме дека ќе ви се допадне.

Брзо се приготвува, а состојките може да ги менувате по желба. Салатата има пикантна арома на рен, а ако не сте љубител може да го замените со кисели краставички или печурки по желба. Направете ја вашата омилена комбинација и споделете го рецептот со нас.

Ако овие салати се ваш фаворит, задолжително прочитајте го рецептот за крем салата со просо, урда и семиња.

кремаста салата со компири

Состојки:

  • 500 грама компири
  • 1 лажица винска киселина
  • ½ лажица сок
  • ¼ чаша мајонез
  • ¼ чаша кисела павлака
  • 2 лажици рендан рен по желба
  • сечкан млад кромид
  • сечкани листови од целер
  • сол и црн пипер по вкус.

Подготовка:

  1. Компирите измијте ги.
  2. Во тенџере на оган ставете ги компирите и додајте вода. Оставете ги компирите да се варат.
  3. Варените компири излупете ги и исчекајте ги на кругови.
  4. Во длабока чинија за салата ставете ги сечканите компири и додајте ги винската киселина и ½ мала лажичка сол. Измешајте ги состојките.
  5. Во мала длабока чинијата ставете го мајонезот, павлаката, ренданиот рен и сечканиот млад кромид. Измешајте ги.
  6. Во садот со компирите додајте го сосот, сечканиот целер, посолете по вкус и зачинете со мелен црн пипер. Измешајте ги состојките и послужете ја готовата кремаста салата со компири.

Ви предлагаме да прочитате: Салата со компири, кромид и сирење.

Сподели: