sladoled od borovinki 1

Кремаст сладолед од боровинки

Ароматичните боровинки претворени во освежителен десерт! Овој кремаст и сладок сладолед од боровинки сигурно ќе го освои вашиот вкус.

А ако ви се допаѓа овошниот вкус, освен во лето, кремастиот сладолед ќе може да го направите и во зима, со замрзнати боровинки.

сладолед од боровинки

Состојки:

  • 2 чаши боровинки, свежи или замрзнати
  • 1 чаша шеќер
  • 1 лажица свежо цеден сок од лимон
  • 2 чаши слатка павлака
  • 1 чаша млеко
  • ½ мала лажичка екстракт од ванила
  • 3 жолчки.

Подготовка:

  1. Боровинките, ¼ чаша шеќер и сокот од лимон ставете ги во мало тенџере на оган, на средно висока температура. Штом боровинките зовријат, тенџерето тргнете го од огнот. Боровинките испасирајте ги, а потоа процедете го пирето низ ситна цедилка.
  2. Во друго тенџере ставете 1 чаша павлака и екстрактот од ванила.
  3. Преостаната павлака, млекото и шеќерот, ставете го тенџере на оган на средна температура. Мешајте додека шеќерот се растопи.
  4. Жолчките од јајца изматете ги во мал сад.
  5. Кога млекото ќе почни да вари, земете 1 чаша од течноста. Потоа, постепено додавајте ја во садот со жолчките со континуирано мешање.
  6. Сместа од јајца и пирето од боровинки додајте ги во садот со топлото млеко. Продолжете со варењето додека се згусти, а на задната страна на лажицата забележите дека останува од смесата.
  7. Потоа, смесата со боровинки додајте ја во садот со преостаната слатка павлака. Измешајте и оставате смесата да се излади за време од 4 до 6 чаша.
  8. Потоа, садот со изладената смеса, затворате го со капак и ставете го во замрзнувач. Замрзнатиот сладолед од боровинки послужете го во чинии или домашни корнети. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: 5 избрани рецепти за домашни сладоледи.

Сподели: