Крем салата со тартар сос и печурки.

Крем салата со тартар сос и печурки

Секој кој е љубител на вакви вкусни салати мора да ја проба оваа експресно брза и многу лесна за подготовка крем салата со тартар сос и печурки.  Рецептот доаѓа директно од нашата кујна и ви потврдувавме дека бескрајно уживавме во вкусот!

Потребни ви се само неколку состојки кои секој ги има дома, а може да ја консумираат и оние кои се хранат вегетаријански, или пак практикуваат исхрана без глутен. Доколку пак сакате да пробате крем салата со пилешко месо и цвекло кликнете тука, а исто така ви предлагаме уште избор за малку поинаква бела крем салата со компир чиј рецепт може да го погледнете тука.

Крем салата со тартар сос и печурки

Состојки:

  • 3-4 поголеми компири
  • 4 јајца
  • 50 мл тартар сос
  • 250 гр рендано сирење
  • 400 мл павлака
  • сол по вкус
  • 300 гр маринирани шампињони.

Подготовка:

  1. Компирите најпрво измијте ги и излупете ги, а потоа сварете ги. Трикот за најбрзо варење на компири погледнете го тука.
  2. Во посебен сад сварете ги јајцата, па потоа изрендајте ги и нив и варените компири.
  3. Во поголем сад ставете ги ренданите компири и јајца, додајте го тартар сосот, ренданото сирење, павлаката и малку сол по вкус. Смесата убаво измешајте ја и ставете ја во чинија за сервирање.
  4. Шампињоните пропржете ги во малку масло, исцедете ги од мрснотијата и ставете ги одозгора врз претходно препремената крем салата со тартар сос. Декорирајте со ливче зелена салата и неколку резанки од претходно ренданите јајца.

На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Бела крем салата со компири и мајонез.

Сподели: