крем супа од компири

Крем супа од компири

Направете си крем супа од компири и уживајте во вкусот додека е топла. Извонреден е!

крем супа од компири

Состојки:

  • 500 гр компири (3 средно големи компири)
  • 200 гр кромид (2 главици кромид)
  • 150 гр моркови (2 средно големи моркови)
  • 1 коцка за супа
  • 100 мл кисела павлака
  • 1 лажица масло
  • листови магдонос
  • сол и црн пипер.

Подготовка:

  1. Најпрво измијте ги и излупете ги компирите, морковите и кромидот, а потоа ситно исечкајте ги.
  2. Ставете ги во тенџере на оган, додајте 1,5 литри ладна вода.
  3. Додајте лажица масло и коцка за супа, а потоа оставете да зоврие.
  4. Откако ќе зоврие, за време на варењето температурата треба да биде умерена и садот треба да биде полузатворен. Се вари додека зеленчук потполно омекне.
  5. Исцедете го зеленчукот и со додаток на малку течност од онаа во која се вареше, смесата изблендирајте ја.
  6. Потоа, соединете ги изблендираната смеса и супата во тенчерето, измешајте и ставете повторно на оган да се вари.
  7. Додајте сол и црн пипер по вкус, а по желба и неколку ливчиња сечкан магдонос.
  8. Тргнете го садот од огнот, додајте ја киселата павлака и убаво измешајте. Затворете го садот и оставете да постои 5 минути.
  9. Се служи топло, а може да декорирате со гранче магдонос и малку црн пипер.

На здравје!

Сподели: