куркума 1

Куркума – природен зачин и лек кој штити од рак

Куркумата се користи во Индија веќе неколку илјади години како зачин и лек, но и како природна боја. Kај нас жолтата куркума е позната како вкусен зачин кој му дава пријатна арома и карактеристична боја на јадењето.

Во последно време голем број на истражувања ги потврдиле антиоксидантините својства, антибактериските својства на куркумата, како и нејзината лековитост за одржување на здравјето на црниот дроб и крвта, превенцијата на канцер, позитивното дејство при артритис и реума, побрзо заздравување на раните и обновување на повредената кожа.

Куркумата може да се нарече чудо од природата, како резултат на антивоспалителните карактеристики. Поновите истражувања го потврдија благотворното дејство на куркумата кај лица заболени од рак и Алцхајмерова болест. Главната состојка на куркумата е куркуминот, кој е особено значаен во борбата против ракот. Со низа испитувања утврдено е дека куркуминот поволно влијае при рак на дебело црево, танко црево, рак на желудник, црн дроб, простата, дојки и јајници. Главното дејство на куркуминот е тоа што го стимулира лачењето на гастричниот сок, со што го помага варењето на храната, помага при надуеност, опстипација и болки во стомакот. Има поволно влијание врз работата на мозокот и срцето, го стимулира имунолошкиот систем, се препорачува при кожни заболувања.

куркума

Можеме да заклучиме дека куркумата е корисна за:

  • Поседува антибактриски својства, помага при зараснување рани и псоријаза.
  • Го намалува ризикот од појава за рак.
  • Ја намалува можноста за појава на рана детска леукемија.
  • Корисна е за детоксикација на црниот дроб и организмот.
  • Позитивно влијае кај лицата заболени од Алцхајмерова болест.
  • Природен аналгетик користен при ревматозни болки, ревматозен артрит и реума.
  • Одлична е при слабеење и забрзување на метаболизмот.
  • Во Кина се користи против депресија.

Ако се уште ја немате вклучено во исхраната, ве советуваме да си набавите куркума и да ја користите во супи, манџи, салати или како зачин за месо. Доволно причини за да почнеме да ја користиме во исхраната!

Ви предлагаме да прочитате: Златно млеко со куркума за одлично здравје и антиканцерогена заштитата.

Сподели: