Куси совети за долг живот кои секој треба да ги знае

Она што е најважно за долг живот е среќата, здравјето и душевниот мир. Токму тоа може да го постигнете ако следите некои суштински совети и насоки од луѓе кои тоа го научиле во текот на својот живот.

Некои совети може да ви звучат чудно, некои банално, но важно е да ги почитувате:

08:00 часот – Измерете се

Лицата со индекс на телесна маса поголем од 25, се многу поподложни на дијабетес, срцеви заболувања и на рак на цревата. Затоа, редовно мерете ја телесната тежина и контролирајте го размерот на мускулите и на масните наслаги.

10:00 часот – Направете си чај

Кесичката чај содржи антиоксиданси полифеноли кои му помагаат на телото да се бори против срцевите заболувања, ракот и предвременото стареење. Едно израелско истражување открило дека луѓето кои умерено пијат чај живеат подолго од оние кои воопшто не пијат чај. Не заборавајте да го промешате и подолго да ја оставите кесичката за да се ослободат сите здрави состојки.

долг живот

12:00 часот – Развеселете се

Многу поретко оптимистите умираат предвреме, во споредба со луѓето кои на се гледаат црно. Позитивниот став се поврзува со намален ризик од појава на срцеви заболувања, помал стрес и забавен процес на стареење.

14:00 часот – Напијте се чаша вино

Лековитата моќ на виното го јакне срцето и крвотокот, ги исфрла отровите од телото и ни помага добро да се чувствуваме. Уште во античко време на виното му се припишувало лековито дејство. Во меѓувреме е научно докажано дека умереното пиење вино му помага на здравјето.

16:00 часот – Време е за јатки

Консумирањето јатки, пет пати неделно значително го продолжува животот. Суровите јатки се богати со мононезаситени масти, познати по нивното својство за прочистување на артериите и за подобрување на функцијата на мозокот.

19:00 часот – излезете навечер

Истражувачите откриваат дека лицата кои имаат голем круг на пријатели, всушност живеат многу подолго, уживајќи ги придобивките што ги носи богатиот социјален живот. Цврстите социјални врски го подобруваат здравјето на мозокот како што старееме и на тој начин го продолжуваат животниот век.

23:00 часот – Вклучете го алармот

Студиите укажуваат на тоа дека спиењето, кое трае повеќе од девет часа ноќе, ја зголемува стапката на смртност. За оптимално здравје, треба да спиете шест до осум часа.

Ви предлагаме да прочитате: 14 намирници за долг живот (листа од Џејми Оливер).

Сподели: