Ладен десерт - банана сладолед

Ладен десерт – банана сладолед

Главна карактеристика на овој ладен десерт е тоа што дозите ги одредувате сами. Ние ви предлагаме идеја, а секој од вас може да ја реализира на свој уникатен начин и по желба. Направете си чоколадни банана сладоледи и уживајте во една поздрава варијанта на омиленото летно освежување за разладување.

Може да ги уживате и пред да се замрзнат, а кога се ладни, банана сладоледните залачиња се назамисливо вкусни со убава арома која потсетува на сладолед од ванила. Доколку сакате да ги замрзнете во текот на ноќта или повеќе часови, задолжително ставете ги во затворен пластичен сад или покријте ги добро со кујнска фолија.

Ладен десерт - банана сладолед

Состојки:

  • банани
  • мелени бадеми
  • кокос
  • чоколадо (а може да употребит и чоколадни чипси).

Подготовка:

  1. Најпрво се припрема голем рамен сад кој се обложува со кујнска хартија.
  2. Бананите се сечат на половина, а потоа во секоја од нив се става сламка, која доколку не е доволно цврта може да ја зацврстите така што ќе ставите дрвено стапче во неа.
  3. Во сад на оган со висока температура, ставете го чоколадото или чоколадниот чипс и оставете го на оган околу една минута за да се стопи. Убаво измешајте.
  4. Бананите потопете ги во стопеното топло чоколадо, а потоа посипете ги со кокос, иситнети бадеми или нивни микс по желба.
  5. Редете ги така што ќе има доволно простор помеѓу нив, а доколку ви остане повеќе чоколадно може откако ќе ги наредите врз хартијата, од горе рамномерно да го додадете преостанатото чоколадо, па повторно да посипете со кокос или бадеми.
  6. На крај, ставете ги во фрижидер за замрзнување и оставете да стојат најмалку 2 часа.

Летните денови се совршени за уживање во чоколадираните банана сладоледи, одмзема помалку од 30 минути, а ќе ви донесе многу задоволство и убави моменти. На здравје!

Сподели: