ладно цедено сусамово масло 1

Употреба на ладно цеденото сусамово масло како лек и 10 негови здравствени придобивки

Сите лековити материи, минерали и витамини кои се наоѓаат во ладно цеденото сусамово масло го прават многу благотворно и корисно за здравјето. Токму затоа, за сите да ги запознаеме подобро неговите карактеристики и да знаеме за што се можеме да го употребиме, со задоволство истражувавме и ги споделуваме со вас сите корисни информации.

Сусамовото масло е богато со протеини и многу хранливо

Ова е одлична вест за сите вегетаријанци, како и за оние кои сакаат да го намалат вишокот на килограми. Со оглед на тоа дека сусамовото масло стана дел од исхраната на многу луѓе, треба и вие да го пробате за да може да ги почувствувате неговите здравствени придобивки. Ладно цеденото масло помага за чувство на ситост, што е одлично, а тоа се должи на присуството на околу 4,7 грама протеини во 200 мл.

Корисно е за здравјето на забите, делува како природен препарат

Една од најголемите предности на ова масло е тоа што помага за отстранување на забните наслаги. Доволно е од време на време да земете малку од овој природен препарат и со него да направите испирање на усната празнина. На овој начин се подобрува оралната хигиена, се зајакнуваат непцата на природен начин и без хемикалии. Освен тоа, придонесува и за избелување на забите.

Ладно цеденото сусамово масло го чува здравјето на респираторните органи

Едно од помалку познатите својства на сусамовото масло е тоа што спречува заболување на дишните патишта. Во источните култури постои традиција на лекување и заштита од астма, а успешните сведоштва овозможиле оваа вест да се прошири низ светот. Слободно користете го секојдневно во исхраната, а посебно ако патите од респираторни заболувања. Вакво ладно цедено сусамово  масло може да купите од Фила, во поголемите маркети, во продавниците за здрава храна или преку нивната веб продавница ако кликнете на линков.

ладно цедено сусамово масло 2

Сусамовото масло превенира појава на дијабетес

Благодарение на тоа што сусамот е исклучително богат со магнезиум, маслото направено од него и тоа како го има овој минерал во својот состав. Многу е важно магнезиумот да се внесува секојдневно во организмот, а посебно кога станува збор за одредени предиспозиции за крвен шеќер. Сусамовото масло влијае позитивно на општото здравје, а со секојдневна умерена употреба придонесува за регулирање на шеќерот во крвта.

Придонесува за снижување на крвниот притисок

Освен што е корисно против дијабетес, ладно цеденото сусамово масло е препорачливо за лицата кои патат од хипертензија (покачен крвен притисок). Баш поради магнезиумот во неговиот состав, ова масло влијае благотворно на срцевиот мускул, ги опушта артериите и вените, а со тоа овозможува подобра циркулација. Употребата на сусамовото масло во исхраната ќе ви помогне во спречувањето на високиот крвен притисок, а со тоа значително се намалува ризикот од срцев и мозочен удар.

Го штити срцето и отстранува зачепување на артериите и вените

Како дополнение на претходно спомнатите здравствени предности, важно е да се спомне дека со умерена секојдневна употреба се спречува појава на атеросклероза. Антиоксидансите во составот на сусамовото масло делуваат и против воспалително, па го штитат целиот кардиоваскуларен систем. Помага за чистење на крвта од токсините, спречува зачепување на вените и артериите, а со тоа срцето работи нормално и со доста помало оптеретување.

Спречува настанување на малигни заболувања

Сусамовото масло содржи фитин, кој во комбинација со магнезиумот го намалува ризикот од рак на дебелото црево за околу 13 проценти. И во овој случај важи „правилото“ на редовно и умерено користење за уживање во оваа здравствена придобивка.

Ги зајакнува коските и ги прави помалку крути

Благодарение на тоа што сусамот содржи калциум, лесно можеме да заклучиме дека ладно цеденото сусамово масло е корисно за здравјето на коските. Ја зголемува густината на коскеното ткиво, а на тој начин се зајакнува скелетот и се спречува кршење на коските.

Освен тоа, недостатокот на калциум може да биде сериозен проблем од кој како најчеста последица се јавува остеопороза, болест на половината и колковите. Во овој случај, редовната употреба на сусамовото масло ќе му даде на организмот подобра подвижност.

Отстранува болки и воспаленија поврзани со артритис

Против воспалителното дејство на ладно цеденото масло од сусам се должи на бакарот во неговиот состав. Тој е минерал кој намалува болки и отоци, посебно оние кои настанале поради артритис. Важно е да го има во доволна количина и кај помладите и кај повозрасните лица, па треба да знаеме дека сусамовото масло може да ни помогне на сите да ги зачуваме коските и зглобовите што поздрави.

Го подобрува варењето и спречува појава на запек

Сигурно сте се „судриле“ и вие со некои непријатности кои се случуваат поради мрзливост на цревата. Такви се чувството на надуеност, грчеви и опстипација. Бидејќи ова е доста фрустрирачка појава, препорачуваме да пробате да го решите проблемот со помошта на сусамовото масло. Исто како и сусамот, ова масло содржи растители влакна кои го подобруваат варењето, ослободуваат од запек и овозможуваат големо олеснување на организмот.

Во секој случај, доколку сакате да го користите како терапевтско средство, препорачуваме да се консултирате со вашиот лекар.

Ви препорачуваме да прочитате: Масло од лен за намалување на холестеролот и високиот крвен притисок.

Сподели: