Ладно цедено масло од чиа за здрави зглобови и силна коса

Во последно време многу се пишува за чиа семето, но мал број на луѓе знаат за придобивките од ладно цеденото масло од чиа кое е новитет на нашиот пазар. Затоа, истражувавме повеќе на оваа тема, па време е сите да се запознаеме зошто е корисно ладно цеденото масло од чиа, кои се придобивките за здравјето и како се употребува.

Прво, да се потсетиме за здравствените придобивки од чиа семето.

Чиа семе или Salvia hispanica спаѓа во групата на цветни растенија од фамилијата на нане. Потекнува од централниот дел на Мексико, користејќи се како главна намирница во исхраната на Ацтеките и Маите. Семето чиа има хранливи и терапевтски својства, а се користи и за производство на масло.

Ова здраво семе се користи за лекување на широк спектар на состојби и болести, вклучувајќи ги и проблемите на кожата, настинките и грипот, недостатокот на енергија и воспалението на зглобовите. Богато е со растителни влакна и омега-3 масни киселини, а се смета дека е добро и за срцето. Некои студии сугерираат дека семето чиа може да помогне за намалување на високиот крвен притисок, а исто така го намалува ризикот од коронарна срцева болест, срцеви напади и мозочен удар.

чиа масло++

Зошто е корисно ладно цеденото масло од чиа?

Ладно цеденото маслото од чиа е со бледо до средно жолта боја, со вкус од јаткасти плодови и извонреден мирис. Тоа е богат извор на Омега-3 и Омега-6 масни киселини, полинезаситени масни киселини и фитостероли и нуди многу здравствени придобивки. Се користи во многу специјални начини на исхрана и диети, а заради својата крем текстура се користи и во многу кулинарски рецепти.
Брендот Фила негувајќи го своето мото за здрав начин на исхрана го произведе токму ова ладно цедено масло од чиа. Го има во сите поголеми маркети, продавници за здрава храна, а може да го купите и од нивната интернет продавница.

Здравствени придобивки од ладно цеденото масло од чиа

Маслото од чиа може да се пие наутро, пред оброкот. Една мала лажичка од ова масло е доволна за да ги искористите придобивките во текот на денот. А тие се:

  • Содржи есенцијални масни киселини (омега-3 и омега-6), кои се важни за когнитивни и бихевиорални функција на мозокот. Недостатокот од овие есенцијални масни киселини може да доведе до слаба меморија, депресија, зголемен замор, слаба циркулација, сува и лушпеста кожа.
  • Обезбедува заштита од кардиоваскуларни заболувања.
  • Има силни анти-воспалителни својства и анти-ревматски својства. Помага за намалување на болки во зглобовите и подобрување на мобилноста на зглобовите кај пациенти со ревматоиден артритис.
  • Богато со антиоксиданси кои имаат силни имунолошки својства.
  • Маслото е добар извор на витамин Ц, витамин Е, одредени флавоноиди, фенолни киселини и лигнин.
  • Тоа е одличен извор на протеини, цинк, бакар, тиамин (витамин Б1), ниацин (витамин Б3) и железо, кои се потребни за здрав раст на косата.

Како се употребува ладно цеденото масло од чиа?

Претходно споменавме дека маслото од чиа може да се пие наутро, но исто така може да се користи за здрави преливи за салата, супи, но и како додаток во смуди и шејкови.

Освен тоа може да се користи и за нега на кожата и косата. Тоа може да се користи во кремови, маски и лосиони за нега на сува, мрсна или комбинирана кожа, а исто така е добро за нега на чувствителна кожа. Маслото од чиа ќе ја направи вашата коса сјајна, без да изгледа суво и оштетено. Направете си природна маска или нанесете малку масло и оставете го да делува околу 20 минути. Едноставно дарете и живот на вашата коса.

И на крај, бидејќи има убав мирис, може да се користи како ароматерапија.

Ви предлагаме да прочитате: Чиа семе за здравје во иднина.

Сподели: