лажен бурек со мелено месо

Лажен бурек со мелено месо

Еден од омилените појадоци на многумина е топол бурек со чаша јогурт. Неговата подготовка често одзема многу време, па сигурно и вие побрзо би купиле бурек одошто да го припремите дома. Благодарение на Клара, за брзо време ќе може да направите лажен бурек со мелено месо и да уживате во неговиот вкус заедно со семејството.

лажен бурек со мелено месо

Состојки:

  • 4 јајца
  • 150 мл јогурт
  • 100 мл павлака за готвење
  • 200 гр брашно
  • 1 ќесичка прашок за печиво
  • 500 гр мелено месо
  • 2 главици кромид
  • сол, мешан сув зачин, црн пипер, оригано и малку цимет по желба
  • по потреба масло за пржење на месото
  • сусам за декорација.

Подготовка:

  1. Кромидот ситно исечкајте го.
  2. Во тава на оган ставете масло да се загрее. Во загреаното масло ставете го ситно сечканиот кромид и пропржете го за време од 3 до 4 минути. Во омекнатиот кромид додајте го меленото месо и продолжете со пржење додека месото се испржи.
  3. Месото посолете го, додајте црн пипер, оригано и малку цимет по желба, измешајте ги состојките и тргнете ја тавата од огнот. Оставете ја смесата да се лади.
  4. Во сад за матење ставете ги јајцата. Матете ги со миксер додека се згуснат. Во садот постепено додајте ги јогуртот и павлаката за готвење.
  5. Во длабок сад измешајте го брашното со прашокот за печиво. Потоа, смесата од брашно и меленото месо додајте ги во садот со матените јајца и добро измешајте со дрвена лажица.
  6. Смесата повторно посолете ја по вкус. Тава со димензии 20*30, премачкајте ја со путер. Во тавата ставете ја смесата и убаво израмнете ја. По желба поросете сусам.
  7. Лажниот бурек печете го во загреена рерна на 200 степени за време од половина час. Потоа извадете ја тавата од рерната и оставете го бурекот кратко време да се излади. Топлиот бурек со мелено месо исечете го и послужете го со чаша јогурт, павлака, таратур или зелена салата. На здравје!

Рецептот го испратил: Клара Бос

Сподели: