Лазања со спанаќ и изварка

Скоро и да не постои човек кој не обожава лазањи. Па, во оваа прилика ви предлагаме вегетаријански рецепт за лазања со спанаќ и изварка кој е навистина многу лесен за подготовка. На вас останува да издвоите малку време, да ја направите лазањата и да уживате со семејството во прекрасниот ручек.

Не се потребни многу состојки за подготовка што е уште еден огромен плус за да ја направите.

лазања со спанаќ

Состојки:

  • едно пакување лазања
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 чешне лук
  • 150 грама млад спанаќ
  • 250 грама изварка
  • 1 јајце
  • ½ чаша пармезан
  • 1 ¼ чаша доматен сос
  • 1 чаша рендана моцарела (во замена може да користите кашкавал)
  • морско оревче, сол и пипер по вкус.

Подготовка:

  1. Лукот ситно исечкајте го.
  2. Во тава на оган ставете го маслиновото масло да се загрее. Во загреаното масло додајте го сечканиот лук. Кратко пропржете го.
  3. Потоа додајте го спанаќот, посолете и зачинете со мелен црн пипер.
  4. Штом спанаќот се запржи, тавата тргнете ја од огнот. Почекајте кратко да се излади за да можете да го исцедите спанаќот од вишокот течност.
  5. Во садот со спанаќот, додајте ги изварката, дел од пармезанот, јајцето и морското оревче. Измешајте ги со лажица за да добиете хомогена смеса.
  6. Тавата за печење намрсете ја. Во неа, ставете дел од доматниот сос и наредете го првиот слој на лазањи. Врз лазањите ставете од ренданата моцарела и на крај завршете со смесата од спанаќ и изварка.
  7. Наредете друг слој на лазањи. Премачкајте ги со доматен сос, ставете дел од моцарела сирењето и дел од филот со спанаќ. Постапката повторувајте ја додека ги потрошите сите намирници.
  8. Редењето треба да го завршите со ред на лазањи на кој ќе го наросите преостанатиот пармезан.
  9. Вака подготвените лазањи покријте ги со фолија и печете ги во претходно загреана рерна на 200оC за време од 25-30 минути. Пред крајот на печењето, тргнете ја фолијата за да може пармезанот да добие убава кафеава боја.

Ви препорачуваме да прочитате: Вегетаријанска лазања со обланди и бешамел сос.

Сподели: