Леден кафе десерт со чоколадо и бадеми 1

Леден кафе десерт со чоколадо и бадеми

Ладно, свежо, ароматично, слатко… Ако сакате да си ги разубавите летните денови, имаме супер идеја за вас. Разладете се со леден кафе десерт, збогатен со чоколадо и бадеми, па на задоволството му нема крај!

Може да ве интересира: Семифредо од јагоди – ладен десерт.

Леден кафе десерт со чоколадо и бадеми 2

Состојки:

  • 400 мл слатка павлака
  • 2 лажици шеќер во прав
  • 2 лажички инстант кафе во прав
  • 2 белки
  • 50 гр шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 50 гр чоколадо за готвење
  • 60 гр потпечени лупени бадеми.

Подготовка:

  1. Изматете ја слатката павлака.
  2. Потоа додајте го кафето, шеќерот во прав и ванилиниот шеќер. Измешајте убаво со лажица.
  3. Изматете ги белките во цврст снег, а потоа постепено со постојано матење додавајте го шеќерот.
  4. Во садот со слатката павлака додајте ги изматените белки и убаво соединете.
  5. Обложете правоаголен калап со хартија за печење и ставете половина од смесата.
  6. Одозгора ставете го сечканото чоколадо и сечканите бадеми (претходно потпечени во сува нелеплива тава).
  7. Турете ја другата половина од смесата, израмнете и покријте со најлонска фолија.
  8. Оставете да стои во фрижидер преку ноќ и на здравје!

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.

Ви препорачуваме да прочитате: Ледени коцки со цимет.

Сподели: